Дали некогаш ви се случило рано да си легнете за да се разбудите свежи и одморени за работа, а сепак сте се разбудиле уморни? Изгледа дека самите на себе си го скратувате одморањето – со спиење, колку и тоа да звучи контрадикторно.
За среќа на сите кои се пронајдоа во првата реченица, експертите осмислиле „калкулатор за спиење“ така што, зависно од тоа кога треба да се разбудиме, можеме да пресметаме кога точно треба да легнеме во кревет. А времето на легнувањето, иако мора да станете рано, не мора да биде пред полноќ за да се разбудите одморени.
Спиењето не треба да се гледа како „активност“ од осум часа туку повеќе како циклус од 90 минути. За време на секој циклус телото поминува низ пет клучни фази на закрепнување, како што се лесен сон, длабок сон и РЕМ фазата во која сонуваме, па за добриот сон најважно е да го одредите вистинското време за одење на спиење и време на будењето. За да разбудите одморени, будилникот мора да го наместите така да ве разбуди на крајот на секој циклус. Кога спиете 8 и повеќе часа, а сепак се будите изморени, тоа значи дека сте се разбудиле среде циклус.
Калкулаторот на спиење предвидува дека на луѓето во просек им се потребни 14 минути да заспијат откако ќе појдат во кревет. Според тоа, ако вашиот аларм е наместен за 7 часот наутро, тогаш во кревет треба да одите во 21:46.Ако тогаш не стигнете, следниот термин за идеален сон е 23:16. Но, некогаш сигурно ќе останете будни и по полноќ иако мора вака рано да станете. Според пресметките на експертите, доволно свежи ќе се чувствувате ако легнете во 00:46 или 02:16.
Ако треба да станете уште порано, на пример во 6 часот наутро, тогаш идеални термини за вас се 20:46, 22:16, 23:46 и ако навистина мора да останете будни до доцна – 01:16.
За добро да се наспиете не значи дека треба да одите рано во кревет, туку да одите во вистинско време, па во вистинско време и да се разбудите. Со други зборови, можно е да се наспиете и за 4 и пол часа.