Промовирани огласи »

Повеќе од половината компании во Германија, 54 проценти, сакаат работата од дома да остане постојана, според истражувањето на институтот ИФО и анкетата на професионалната мрежна мрежа „ЛинкдИн“ (LinkedIn), спроведена меѓу нејзините членови.

– Кризата со коронавирусот може да биде поттик за постојан работен ангажман од дома – изјави Оливер Валк, директор на Центарот за индустриска организација и нови технологии и коавтор на оваа заедничка студија.

Податоците од истражувањето на ИФО покажуваат дека три четвртини од компаниите во Германија се согласиле со дел од нивната работна сила да работат од дома, како начин да се справат со кризата, се вели во соопштението на минхенскиот институт.

Во исто време, истражувањето спроведено меѓу членовите на професионалната мрежа LinkedIn во Германија, покажува дека речиси половина од испитаниците рекле дека сега работат од дома поради пандемијата.

– За многу компании, овие нови работни аранжмани вклучуваат значителни инвестиции во дигитална инфраструктура и нова комуникациска технологија. Целосно враќање на стариот начин на работа е малку веројатно – објаснува Валк.

Според студијата, за 56 проценти од вработените во Германија денес е можна привремена работа од дома, додека пред пандемијата, се користеше само половина од тој потенцијал.

Покрај тоа, една анализа на огласени работни места и лица кои бараат работа на LinkedIn покажува дека бројот на прегледи на огласи за работа од дома се зголемил за повеќе од двапати.

– Сепак, во иднина, работни места за кои се смета дека се целосно остварливи од дома, веројатно ќе продолжат да бидат исклучок – рече Жан -Виктор Алипур, коавтор на студијата за ИФО.

– Знаеме дека недостигот на социјален контакт, кој го вклучува работата од дома, на долг рок може да биде товар и дека дигиталниот свет сам по себе не ги овозможува сите аспекти на креативна размена или трансфер на знаење и идеи. Затоа, поверојатно е дека ќе преовладува комбиниран модел, кој вклучува работа во компанијата и работа од дома. На тој начин се здружуваат предностите од автономијата и флексибилноста на работа од дома со придобивките од социјалниот контакт на работното место – објаснува Алипур.

Промовирани огласи »

Воедно ЈСП потсетува и дека линиите 25, 25А, 25Б и 28 и ноќните линии се уште не сообраќаат.

Линиите 9 и 35 и натаму се скратени до Арсение Јовков, каде времено им е и почетно-крајна станица.

Линиите 8, 47, 47А, 57, 61 и 71 во двата правци почнаа да сообраќаат по траса, откако извесен период беа пренасочени поради асфалтирањето на улица „Бутелска“.

Промовирани огласи »

Согласно заклучокот на Владата од 74-тата седница одржана на 7 јули годинава среда, 15 јули, е неработен ден за сите граѓани во Република Северна Македонија поради одржување на предвремени парламентарни избори и тој нема да се одработува, соопшти денеска владината Прес-служба.

Од Владата додаваат, дека оние институции, компании, фирми и организации кои ќе одлучат да работат на 15 јули 2020 година треба да пријават работа на неработен ден до Државниот инспекторат за труд.

– Според Законот за работни односи и Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството, работодавачот на работникот е должен да му исплати надоместок и додаток на плата за работа на празници и неработни денови утврдени со закон или друг пропис, појаснуваат од Владата.

Промовирани огласи »

Научниците ги пресметаа економските последици од коронавирусот. 

Австралиското истражувачко собрание ARC финансира огромна меѓународна студија за влијанието на пандемијата врз глобалната економија, во која се вклучија бројни научници од целиот свет под водство ја Универзитетот на Сиднеј.

Студијата објавена во списанието PLOS ONE покажува дека КОВИД-19 предизвикал штета од дури 3,8 трилиони долари и довел до бројка од 147 милиони невработени луѓе. 

Најпогодена е индустријата за транспорт, а големи последици трпат и секторите трговија, туризам, енергија и финансии, особено во Азија, Европа и во САД.

Студијата укажува на тоа дека единствената позитивна страна на пандемијата се одразила на околината, па затоа дојде до најголемиот пад на емисијата на стакленички гасови во историјата на човештвото. 

Околу 2,1 трилион долари се загуби од неисплатување плати, а 536 милијарди долари се загуби настанати поради падот на меѓународната трговија.

Глобалната економска ситуација  ќе се одрази на квантитетот и на квалитетот на извршената работа, како и на ранливите групи вработени како што се мигрантите и неквалификуваните работници. 

Во светот има над 13 милиони заразени. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »