Промовирани огласи »

Претседателот на комисијата за економија на ВМРО-ДПМНЕ Дарко Лазаров во гостување во емисијата Бизнис поенти на ТВ Алфа обвинија дека Македонија е високо задолжена. 

Македонија влегува во критична зона, јавниот долг ќе достигне 65 проценти од БДП.

„Проектираниот буџетски дефицит е 4,9 проценти, проектираната стапка на економски раст е 4,1 процент, тоа значи дека буџетскиот дефицит ќе биде поголем од растот на економијата и тоа де факто не само што нема да обезбеди фискална консолидација на економијата, напротив ќе предизвика зголемување дополнително на јавниот долг на државата и практично ние ќе влеземе веќе во една критична зона бидејќи јавниот долг може до крајот на 2021 согласно и овие оптимистички проекции да стигне некаде 65 проценти од БДП“, вели тој.

Лазаров додаде дека од четирите антикризни мерки нема да се искористат повеќе од 450 до 500 милиони евра што е двојно помалку од 1милијарда евра.

Промовирани огласи »

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата информира дека од 15 ноември започнува задолжително носење на зимска опрема и соодветна зимска проверка на возилото.

Под редовна зимска проверка на возилото се подразбира проверка на антифризот, проверка на маслото во моторот, проверка на течноста за бришачите на ветробранското стакло, проверка на акумулаторот, притисокт на пневматиците, обезбедување на течност или спреј за одмрзнување на стакло, брави, итн, соопштуваат од РСБСП.

-Сите овие проверки и подготовки се важни, но најважно од сѐ е носењето на соодветна зимска опрема. Носењето на зимската опрема е задолжително и се однесува на периодот од 15 ноември до 15 март наредната година, апелираат од советот.

Промовирани огласи »

Граѓаните кои располагаат со готовина која не влезена во системот, ќе може да ги стават парите на сметки со плаќање на 10 отсто данок, или таквите пари да ги инвестираат во државна обврзница. Оваа можност вчера ја најави премиерот Зоран Заев, како една од повеќето мерки кои ќе бидат преземени во наредната година со цел да се зголеми економската активност во земјава. Тој не прецизира колку средства се очекува да се приберат на ваков начин.

„Пред да се донесе законот за потекло на имот за кој разговараме со Европската унија, ќе дадеме отворена можност за сите домашни физички лица кои што имаат готовински пари, а се надвор од системот, да ги стават на свои сметки со тоа што ќе платат 10 проценти данок и во рок од две години ќе треба да ги инвестираат парите – да си купат стан, куќа, возило, акции, или било што. Барем еднаш да ги инвестираат, а доколку не го сторат тоа ќе треба да платат уште 10 проценти“, рече Заев.

Втората опција, која што ја објасни премиерот, е ваквите пари да се инвестираат во бескаматна државна обврзница.

„Еве можност да го промовираме и тоа – во државната обврзница ќе можат да ги инвестираат своите готовински пари. Не парите од сметки, туку готовинските пари за државна обврзница и така да го помогнат растот и развојот во државата“, рече Заев, објаснувајќи дека допрва ќе се утврдува рочноста на обврзницата, дали ќе биде на 10 или на 15 години.

„На ваков начин ќе може да ги вложат своите пари во функција на економскиот раст и развој на државата, а обврзниците ќе можат да ги инкасираат секој пат со одредени дисконти“, додаде Заев.

Државната развојна обврзница беше спомената како новина во начинот на финансирање на буџетскиот дефицит кој наредната година ќе изнесува 4,9 проценти од БДП, или околу 530 милиони евра, од кои 275 милиони евра ќе се бараат на домашниот пазар.

Колку пари има во државата кои се надвор од системот е тешко да се процени. Премиерот Заев зборувајќи за мерките против сивата економија вчера рече дека даночната евазија според ММФ е околу 36 отсто, а според државните институции е 32- 33 проценти.

Тој рече дека борбата против сивата економија е голем мегдан, но е неопходен за навистина да имаме сериозен економски раст и развој.

Според податоците на Народната банка граѓаните во банките заклучно со септември 2020 година имале 278.469.000.000 денари, од нив денарски се 145.806.000.000 денари, а во странска валута 132.663.000.000 денари.

Кај корпоративниот сектор вкупните депозити изнесуваат 112.505.000.000 денари, од кои поголемиот дел се денарски во износ од 79.641.000.000 денари, а во странска валута 32.865.000.000 денари.

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, вчера изјави дека борбата против сивата економија не треба да се води само преку законот за регистрирање на готовинските плаќања, туку пред се преку законите за ДДВ, за данокот на добивка, данокот на личен доход…

„Секако, сметаме дека во 2021 ќе имаме засилени контроли во делот на потеклото на имот кај граѓаните согласно Законот за данок на личен доход“, рече Лукаревска за „Топ тема” на Телма.

Инаку, во изминатите десетина години во неколку наврати било актуелизирано прашањето за даночна амнестија. Под овој поим во стручната литература се подразбира ограничена временска можност за одредена група на даночни обврзници да платат одредена сума, во замена за прошка на даночен долг (вклучително камати и казни), поврзани со претходен даночен период и без страв од кривично гонење. Во некои случаи, законодавството наметнува построги казни за оние кои не ја искористиле можноста за даночна амнестија.

Промовирани огласи »

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска на гостувањето во емисијата „Економски магазин“ на телевизија Алсат, рече дека како Министерство за труд и социјална политика задолжено за изготвување на новото законско решение за недела - неработен ден, е во координација со  сите министерства и сите субјекти во општеството, со цел носењето на решение кое што ќе биде издржано и во интерес на целото општество.

„Измените на Законот за работни односи кој што е во ингеренции на МТСП конкретно во членот 134 го регулира неделниот одмор кој што треба да трае 24 часа непрекинато и по правило тоа е недела или пак некој друг ден од седмицата, како дел од важечкото законско решение, а во моментов ние работиме на овој дел,“ рече Шахпаска.

Таа истакна дека формирана е работна група во која се вклучени пред се министерствата за економија, транспорт и врски, информатичко општество и министерството за култура. Но исто така  секојдневна комуникација и дискусија се води и со претставници на синдикатите, на работодавачите, коморите.

„Нашата идеја е недела-неработен ден, а исклучоци треба  да има. Тоа се здравството, безбедносните сили, полицијата, противпожарната служба, тешката индустрија и сите дејности кои се од витално значење за општеството,“ истакна Шахпаска.

За измената во Законот за работни односи, кој што ги регулира договорите за работа, министерката појасни дека договорот за работа завршува со навршени 64 години старост и 15 години стаж доколку со друг закон не е поинаку решено, со исклучоци во оние дејности каде што има недостаток на кадар и каде што одењето во пензија би го загрозило функционирањето, тоа би било во здравството и високото образование. Притоа проценката ја прави менаџерот, директорот, раководителот, согласно потребите додека не се најде кадар кој што би го заменил дотогашниот.

„Суштината на оваа реформа е да отвориме простор, младите да ги вклучиме во работен однос“, истакна Шахпаска.

  

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »