Промовирани огласи »

Костал Груп е светски позната компанија за производство на електроника и  делови за автомобилската индустрија. „Костал“ ја започнува својата успешна приказна во 1912 година како семејна компанија.  На светско ниво, има  повеќе од 20,000 вработени кои ги снадбуваат најголемите прозводители на автомобили на 5 континенти. Охридскиот објект во моментов произведува делови за: BMW, Daimler, VW, Skoda, Porsche, Tesla.
Зборувавме со Виктор Дојчиновски, менаџер за човечки ресурси во Костал Груп. Со повеќе од 19 години искуство во својата дејност, тој ни откри како компанијата се справува во овие услови на пандемија, но и кои вештини се потребни за еден кандидат да биде идеален и да се развива на професионален план.

Ако треба со еден збор да го опишете идеалниот кандидат, кој би бил тој?
– Вистински предизвик е со еден збор да опишете цел еден сет на личносни карактеристики и професионални вештини, но ако баш инсистирате на еден збор кој го опишува идеалниот кандидат, за мене тоа би бил зборот – посветеност. Посветеност на сопственото професионалното усовршување, посветеност на извршување на доверените работни задачи, посветеност на квалитетот, посветеност на темелните вредности на Компанијата и на крај посветеност на мисијата која секој од нас, како индивидуа, ја има.

Кои вештини според Вас се пресудни за да се изгради успешна кариера во HR индустријата?
 – Би рекол, покрај сетот на технички вештини, без кои денес не можете да бидете успешен во било која струка, HR како професија (намерно избегнувајќи го терминот “индустрија” заради асоцијациите кои истиот збор ги буди со нешто што е сериско, лишено од индивидуалност, емоции, направено “по скица”), од клучно значење се и т.н. “меки вештини” од кои би ги издвоил – вештината да учите на грешките (подобро на туѓите, отколку сопствените) постојано подобрувајќи се и останувајќи во чекор со промените, вештината на синтетизирањето на стекнатото знаење и искуство, и секако флексибилноста и вештината да се адаптирате на промените.

Кој беше моментот кога одлучивте да градите кариера како HR менаџер и колку беше тежок патот до успешен HR менаџер?
 – Како и сите убави работи во животот, до истото дојде како перфектен спој на околностите на случајот, од една страна, а од друга страна - спонтана одлука и верување во себе дека некои работи можете да ги направите “во свој стил”. Не беше лесно, посебно бидејќи во времето кога јас ја започнував кариерата, немаше ниту превод на “human resources”, а уште помалку специјализирано образование за истото. Искрен со вас до крај, еден сум од првите на чија визит карта, пред 20 години, стоеше “Human Resources Manager”, а во главата имав само магловита визија што се очекува од мене. Колку тежок беше патот до успешен HR? Прилично тежок. Од една страна, имав среќа да ја започнам кариерата во компанија која набрзо по моето вработување беше приватизирана и купена од стратешкиот странски инвеститор, Компанија која беше лидер на пазарот во сферата на телекомуникациите, и една од најуспешните и најпрофитабилни компании во Македонија. Замислете ситуација на “rookie” кој игра во Прва лига. Сето ова, само по себе дополнително го засилуваше притисокот. Најнапред, заради поставените високи очекувања во услови кога заради  непостоењето на втапкана стаза по која можете да одите, од почеток треба да создадете тим и креирате процеси. Натаму, како општество сме такви што едно чудо од притисоците се прекршуваат врз рамената на HR секторите или нивните менаџери. Трето, HR секторот, воден од барањета на бизнисот, динамично се менуваше, а останатите сегменти, како на пример – легислативата, пазарот, технолошките решенија најчесто не го пратеа во чекор тој развој. Еве попластично, уште во 2001 година се јави потребата од т.е. изнајмени (лизинг) вработени, а законското решение за истотото дојде дури после цела една деценија. Слично беше и со домашниот пазар на HR услуги (тренинг/консултантски компании, обезбедувачи на софтвер за HR работење), на кој до пред неколку години, сериозните добавувачи можевте да ги изброите на прстите на едната рака. Некогаш, кога се навраќам на деновите на почетокот, чинам дека тој момент на “скок во длабоката студена вода” соочувајќи ме сите предизвици, ме направи далеку професионално поистрааен.

 Со искуство повеќе од 19 години во областа на човечките ресурси  и работа во повеќе компании, колку е променет Вашиот стил на менаџирање од тогаш до денес?
 – Прилично. И добро е што е така. Кога сте со скромно искуство во професијата, ги знаете во принцип, само правилата. Искуството ве учи на варијациите. Како созревате, и во интелектуална и во биолошка смисла, стилот се менува во насока на покажување повеќе емпатија а помалку самобендисаност, повеќе партиципативност во донесувањето на одлуките, т.е. давајќи му шанса на тимот да се (само)управува, наместо да се обидувате да ги држите сите конци во вашите раце и да микроменаџирате со работите. Сепак, покрај сета еволутивност во стилот, мора да прикажете и константи, т.е. она по што би останале запаметени. Јас се трудев секогаш тоа да биде членовите на мојот тим успешно да ги подготвам за евентуална сукцесија.

Во моментов сте вработен во KОСТАЛ МАКЕДОНИЈА, како ги мотивирате Вашите вработени во овој период додека трае пандемијата?
 –  Како КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА, нашиот пристап во мотивирањето беше повеќедимензионален. Бидејќи мотивираноста, на некој начин извира од чувството на задоволство од работата и работните услови, како и од извесноста на работното место, во деновите на пандемијата, мерките за превенција од ширење на вирусот што како Компанија ги презедовме, најчесто, и по обем, и по вид, и по природа, ги надминуваа оние кои беа пропишани од здравствените власти. Натаму, вложувајќи во лојалноста, КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА, иако во деновите на првиот бран работеше со намалени приходи – ниту еден вработен не беше отпуштен, ниту му беа променети договорните услови на полошониту некому му беше намалена договорената плата. Напротив, КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА, предвреме на своите вработени им го исплати регресот за годишен одмор К-15 за 2020 година во износ над предвидениот, соодветно ги покачи платите на вработените и константно го зголемуваше бројот на своите вработени, односно од 627 вработени во март 2020, денес – декември 2020, достигнувајќи бројка од 830 вработени. Бидејќи сево ова, како што кажав, беше остварено во услови на пандемија, забавено производство и намалени приходи, остварувањата се уште поголеми.      

Што треба да поседува еден кандидат да биде дел од Вашиот тим?
 – Посветеност и спремност да се примаат нови знаења и вештини, работна етика, желба за постојано усовршување и подобрување.

 За крај, најголемиот дел од кандидатите чувствуваат притисок при интервјуата за работа, кои се Вашите совети за кандидатите полесно да го надминат тој притисок? 
– Зборувајќи од искуство, најлесен начин да се надмине тремата или притисокот е успешната подготовка. А нема успешна подготовка без предвидување на прашањата кои би можеле да ви бидат поставени на интервјуто, соодветно прилагодување на вашата биографија и одговорите кои би требало да ги дадете на интервјуто за работа. И секако, бидејќи самото интервју треба да разбереме како настап кој е во насока да ве презентира што поуспешно кај Работодавачот - тајната е во вежбањето за истото. Секако, пристапот на подготовка наречен “симнав 10 најчести прашања на интервју и како да одговорам на нив” најчесто резултира со проектирање на извештачена слика за вас, па дури и просечен рекрутер може да го открие истото. Кога велам подготовка мислам на темелна подготовка за позицијата на која одите на интервју и одговори кои треба да бидат скроени баш по “ваша мерка”, за да работодавачот ве препознае како сериозен кандидат, а вам да ви даде шанса да одлучите дали е тоа вашето посакувано работно место и работодавач.

Промовирани огласи »

Сите ние сакаме да заштедиме повеќе пари - но генерално, голем дел од луѓето се соочуваат со проблеми околу заштедата. Научникот за однесување Венди Де Ла Роса проучува како секојдневните луѓе донесуваат одлуки за подобрување на нивната финансиска состојба. Погледнете го видеото и дознајте како да заштедите повеќе, а трошите помалку.

Промовирани огласи »

На почетокот на 2021 година ќе следи нова поддршка за граѓаните и фирмите за справување со последиците од корона кризата.

Премиерот Зоран Заев за најавениот петти пакет мерки и неговата содржина, како и временскиот термин од кога тој ќе важи, одговори дека наскоро следува процес на консултации со синдикатите, претставниците на другите социјални партнери, стопанските комори и сите чинители, за да бидат највнимателно таргетирани потребните мерки. Тој подвлече дека државата има проектирано средства за оваа намена и во Буџетот за 2021 година.

Според нивните  најави , наскоро за ова се очекуваат консултации и со Синдикатите, Стопанските Комори и другите социјални партнери. Целта како што додаваат, е таргетирање  на  оние кои се најпогодени од Ковид кризата

Портпаролот на Владата вели дека и овој пакет помош ќе личи на претходните.

„Со петтиот пакет ќе се постапува највнимателно, со цел да се таргетираат оние кои се најпогодени од кризата, како компаниите, така и граѓаните. Така беше и во текот на оваа година“, изјави на прес конференција владиниот портпарол Душко Арсовски.

Досега со економски мерки се подржани најпогодените од економската криза предизвикана од пандемијата на корона-вирусот, а тоа се над 30 проценти компании заради поддршка на работните места и работниците преку плати, коишто се движат од 14.500 до 21.778 денари.30 проценти компании заради поддршка на работните места и работниците преку плати, коишто се движат од 14.500 до 21.778 денари.

Промовирани огласи »

Потребата од спроведување попис на населението, домаќинствата и становите во Македонија, на некој начин веќе е издигната на ниво на препорака од европските институции (Европската комисија, Советот на Европа, Евростат) за исполнување на европските критериуми и стандарди од страна на македонската држава, пишува Нова Македонија.

Таквото барање (очекување) е изразено и во последниот извештај на Европската комисија, во кој се истакнува фактот дека попис на населението во Македонија не е извршен речиси две децении од 2002 година. Деновиве во македонското собрание повторно е влезен во процедура предлог-законот за попис на населението, овој пат со европско знаменце. Во новиот предлог, за разлика од претходниот, променети се датумите за одржување на пописот, односно истиот тој ќе се спроведе од 1 до 21 април 2021 година. Исто така во новиот предлог се дефинираат и носителите на збирки на податоци што ќе се користат при вкрстување на податоците, податок што не беше наведен во претходниот закон. Во новиот предлог се зголемува и бројот на пописни реони од 45 на 50.

И покрај тоа што сите политички чинители во земјата декларативно се залагаат за конечно спроведување на пописот, сепак активирањето на процедурите за негово законско регулирање редовно предизвикува престрелка со изјави и предлози на јавна сцена меѓу преставниците на власта и на опозицијата, на која вообичаено ѝ се придружуваат и претставници од етничките партии и заедници, секој со свој интерес и очекување од резултатите за пописот. Најновиот предлог на ВМРО-ДПМНЕ пописот во април 2021 г. да се спроведува со земање отпечаток на прсти на присутните граѓани во земјата, со набавка на 10.000 уреди за читање отпечатоци од прсти, предизвика реакција на сомневања од министрите во Владата од редовите на СДСМ, за опструкција на пописот од страна на опозицијата. Аргументот на опозицијата за ваквиот предлог е процената дека со широкиот опфат на населението при пописот и на оние жители што подолго време не престојуваат во државата, резултатите можат да покажат дека Македонија има население од три милиони жители.

Различната аргументација меѓу власта и опозицијата на темата за пописот отвори и поширока дебата во јавноста и на социјалните мрежи. Роберт Милески, активист и еден од основачите на „Македонскиот национален совет“, укажува дека со пописот, пред сѐ, треба да се утврди колку население реално живее во државата, а не само да се евидентира колку се носители на македонско државјанство.

– Пописот е статистичка операција што треба да покаже колку жители има една држава, каде живеат тие, а не колку државјани! За второто има податок во МВР. За да се заштити пописот од манипулации постојат неколку начини. Јас пред многу години наведов неколку, меѓу кои беше и кросреференцирање (вкрстување) на бази на податоци од повеќе институции, како што се МВР, ПИОМ, банки и слично, а особено базите на МВР, кои евидентираат кога некој државјанин е излезен и кога влегол во Македонија. Може да се попише само државјанин што најмалку шест месеци од денот на пописот престојувал во Македонија. Сите други, според европски и светски стандарди – не се жители на Македонија, односно се жители на некоја друга држава. Нема логика еден ист човек да живее во Германија, таму да се води како жител, доаѓа во Македонија еднаш годишно по еден месец и истиот тој да биде попишан тука!… Според правилата на Евростат, јасно е како се изведува попис. Државјани на ЕУ што престојуваат подолго од шест месеци на територија на друга ЕУ-држава, автоматски стануваат и гласачи во таа општина каде што престојуваат.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »