Промовирани огласи »

Axapta Masters е компанија за развој и консултантски услуги за ИТ фокусирана на дизајнирање, управување и испорака на имплементации, развој, поддршка и надградба на Microsoft Dynamics AX и CRM. Работејќи со многу клиенти од ЕУ и САД, станаa лидер во Македонија за поддршка на системите на Microsoft Dynamics.

Имаат отворено 2 работни позициии:

SOFTWARE DEVELOPER

SENIOR SOFTWARE DEVELOPER

Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови. Како една од најуспешните и најголемите компании кај нас, со најдобра инфраструктура и најголема дистрибутивна мрежа, секогаш се во потрага по талентирани професионалци кои сакаат да станат дел од нивното професионално семејство.

Имаат отворено 5 работни позиции:

МАГАЦИОНЕР

ФАРМАЦЕВТ / ФАРМАЦЕВТСКИ ТЕХНИЧАР / СКОПЈЕ

ДИПЛОМИРАН ФАРМАЦЕВТ / ФАРМАЦЕВТСКИ ТЕХНИЧАР / ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА

АСИСТЕНТ ЗА ПРОДАЖБА / ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА

КОМЕРЦИЈАЛИСТ ЗА ПРОДАЖБА

ВВ ТИКВЕШ АД КАВАДАРЦИ е компанија која смета дека нејзините луѓе се нивна најголема вредност. Од нив почнуваат сите вински приказни и авантури. Зад сите успеси стојат оние што секојдневно се вложуваат во винарницата, но и нивните соработници, вклучени во сите сегменти од работењето на компанијата, од лозјата, преку создавањето на виното, па сѐ до продажбата на глобален пазар. Сите тие го сочинуваат Тимот на Тиквеш, во чиј натамошен развој континуирано вложуваме, бидејќи цврсто веруваме дека луѓето се столбови на секој наш успех.

Тимот на Винарската визба „Тиквеш“ е совршен спој на мудрост и младост, на искуство и ентузијазам, на големо знаење и постојана желба за учење, на талент и желба за постојано усовршување…

Имаат отворено 2 работни позиции:

ПРОДАЖЕН АСИСТЕНТ ВО ВИНСКА ПРОДАВНИЦА - КАВАДАРЦИ

УНАПРЕДУВАЧ НА ПАЗАР

Предизвиците во областа на човечките ресурси не се само нивна секојдневна работа, туку се и нивна страст. Нивното  знаење и експертиза им дозволуваат да имаат уникатен пристап кон секоја задача. Нивните клиенти ја препознаваат нивната посветеност кон предизвиците поврзани со човечките ресурси и гледаат, силен, сигурен и долготраен партнер во DEKRA.

Имаат отворено 2 работни позиции:

TECHNICAL LEAD

ОВЛАСТЕН СМЕТКОВОДИТЕЛ

Можностите за кариера се пред вас, ваше е само да ја изберете својата насока.

Промовирани огласи »

Колку љубов и искрени насмевки може да собере едно срце? Со неповторливите моменти со најблиските, секојдневно креираме приказни, кои нè потсетуваат на бесценетата улога кои ја имаат во нашите животи.

Жената која по сопствен избор има моќ да биде и поединечно и одеднаш  и борец, и лидер, и мајка, и сопруга, и пријател, дефинитивно го заслужува нашето внимание и почит. Тоа ја прави уште посилна за сите нови предизвици со кои дел по дел секојдневно успева да го направи светот поубав за сите.

Нептун, како компанија која ja вреднува жената и еднаквоста, и дава голема поддршка за нејзиниот удел во општеството, заедно со LG, преку искрена видео порака испраќа благодарност до сите жени и мајки.

Сара Мејс, Димитар Атанасовски и Илина, за Интернационалниот ден на жената во кампања поддржана од LG, испратија искрена честитка до нивната мајка, баба и свекрва, поддржувајќи ја жената како симбол на сите безгрижни мигови и среќни моменти. Нептун и LG и овојпат, на иновативен и практичен начин нè потсетуваат дека и во време на новото нормално, технологијата ни овозможува лесно комуницирање со семејството и пријателите.

Дека вистинската љубов не познава граници, сведочи ова видео и ангажираноста на Нептун и LG, секогаш да нè потсетат дека секој момент заслужува да биде овековечен со нешто ново и уникатно.

Заблагодарете им се на жените, сопругите и мајките во вашиот живот и покажете им колку ги сакате. Нептун и LG секогаш ќе бидат тука да ви помогнат во изборот на изненадувања со помош на иновативната палета на модерни и квалитетни производи.

Промовирани огласи »

Управата на Водоводот во јапонскиот град Кобе одржа прес конференција на која се извини поради тоа што нивен вработен отишол порано на пауза.

Поради три минути порано заминување на пауза на 64 годишен вработен , управата на Водоводот одржа прес конференција на која најпонизно им се извини на своите корисници. Вработениот доби јавен укор , како и парична казна , поради тоа што за последните седум месеци 26 пати порано одел на пауза за ручек. Неговиот ,,грев” го открил колега кој го пријавил за заминување на пауза три минути пред време и заминува во блискиот ресторан.

Паричната казна не била толку драстична , колку јавното извинување на прес конференција , кога сите шефови заедно најпонизно им се извиниле на граѓаните на Кобе. На социјалните мрежи ваквата постапка беше осудена со поддршка за вработениот .

Промовирани огласи »

Платформата за родова еднаквост упатува барање и апел до работодавачите да ги ослободат работничките од обврски на празникот 8 Mарт од 14 до 17 часот, со цел да присуствуваат на овогодинешниот марш.

Платформата за родова еднаквост секоја година на 8-ми март организира марш со цел унапредување на состојбите со правата на жените. Оваа година маршот е посветен на потребата од поголема заштита на жртвите во случајот „Јавна соба“ . Со маршот ќе побараат систематска и доследна заштита на жртвите во сите случаи преку унапредување на работата на клучните институции.

Маршот ќе се одржи на 8 Март со почеток во 15.00 часот пред МВР (ул. Димче Мирчев бр.9, главен влез), а ќе заврши во Парк Жена Борец.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »