Промовирани огласи »

Како и многу професионалнци, веројатно и вие се трудите најдобро што можете да бидете организирани, да дадете се од себе и да ја завршите својата работа во дадениот рок. Многумина се обидуваат да завршат се повеќе работа, во се помалку време, но тркатa со времето не можете да ја добиете, денот сепак трае само 24 часа. За да бидете ефикасни потребно е да сфатите една многу битна работа: единствено постојано нешто е промената, приoритетите секогаш се менуваат, а клучот до успехот лежи во продуктивноста. 

За да бидете задоволни од себе и од својата работа искористете ги овие трикови за продуктивност:

Исклучете го тонот на телефонот

Многу е тешко да ја постигнете вашата зен работна атмосфера кога телефонот ви брмчи на секои три минути. Во зависност од тоа колку e дрдорлив вашиот телефон, можно е да добивате нотификации за секој е-маил, твит и сл. Многу е важно да ги исклучите сите тие нотификации додека работите. Верувајте вашата ефикасност ќе се зголеми со брзина на светлината ако телефонот ја затвори својата дрдорлива уста. 

Игнорирајте ги вестите 

Вестите можат да бидат огромен конзумент на време. Идејата дека мора да бидете во тек со вестите во денешно време е неважечка. Поголем дел од она што поминува како вести денес во суштина е глупост, или тривијални, депресивни и недоверливи информации. Ако нешто битно се случи ќе дознаете за тоа на еден или на друг начин. Затоа, наместо да читате вести фокусирајте го вашето внимание на она што е корисно и применливо во вашиот живот. 

Вежбајте наутро 

Истражувањата покажуваат дека утринското вежбање може значително да ја подобри продуктивноста. Вежбањето ви дава енергија, а не ве исцрпува, како што многумина веруваат. 

Вежбањето оди во служба на доброто здравје и намалување на стресот, а некои истражувања покажуваат дека вежбањето може да го подобри расположението и до 12 часа по активноста. Помалку стрес, поголема ефикасност - оддеднаш вреди да го наместите алармот за 30 минути порано. 

Имајте 30 минутни состаноци 

Иако голем дел од компаниите имаат едночасовни состаноци, вистината е дека тие им го трошат времето на милиони луѓе. Всушност, на голем дел од состаноците не се потребни повеќе од 30 минути за да се оствари целта. На многу состаноци тоа се случува и за 15 минути. Не бидете роб на роковите, бидете флексибилни. 

Пијте вода 

Многу од нас не пијат ни приближно толку вода колку што треба. Нашите тела опстојуваат на вода, исто како и сиот жив свет на планетава! Пиењето вода ви дава енергија, го одржува здравјето, и ви дава изговор да станете од бирото да за си наполните вода и да не седите на столицата цел ден (што исто така е многу нездраво, па така со еден удар убивате две муви.)

Земете пауза 

Ако работите напорно заслужувате и пауза! Можеби некое чоколадце, шолја чај, или кратка прошетка. Лесно е да се заборавите на бирото и да работите без престан цел ден. Но нашиот ум и тело не се дизајнирани за да функционираат на овој начин. За оптимална продуктивност станете од столчето од време на време! 

Прочитајте зошто е битно да имате пауза во работното време! 

Не плашете се да кажете „не“!

Ова е еден од оние трикови за продуктивност кои постојано се повторуваат, а има и причина за тоа. Кога се трудите да задоволите што повеќе луѓе често завршувате со работа преку глава. Запомнете, не се работи за тоа дали сте расположени да помогнете, туку за тоа дека кога земате премногу обврски целата работа страда. На крај може да завршите со пропуштени рокови, па и покрај вашите добри намери можете да ги разочарате другите со тоа што не сте можеле да ги оправдате нереалните очекувања кои сте ги создале за себе. Понекогаш едноставно треба да кажете „не“, и во тоа нема ништо лошо. 

Замолчете го внатрешниот перфекционист 

Иако во интервјуата за работа често оваа особина се обидуваме да ја додадеме како позитивна карактеристика, сепак време е да признаеме дека да се биде перфекционист е прилично опасно. Да одредена работа секогаш може да биде подобро завршена, но дали жртвувате работа на други проекти за да го постигнете тоа подобрување? Направете го најдоброто што можете во разумно време, а потоа престанете. Вашиот внатрешен перфекционист може да ви биде од помош, но треба да знаете кога да му кажете дека е доста. 

Наместо листа со задачи направете план 

Дали на листата со задачи имате една работа која едноставно никако да исчезне? Ве демне на крајот на листата, и ја одложувате со денови, недели, па дури и месеци! Како што поминува времето се помалку и одбрнувате внимание. 

За да се ослободите од овој проблем занемете ја листата на задачи со работен план. Работниот план ви дозволува да бидете пореални во врска со што можете да завршите и во колкаво време. За да направите ваков план потребно е сериозно да размислите и да го пресметате времето кое ќе ви биде потребно за да завршите одредени задачи во дадениот ден. 

Појадувајте

Појадокот е навистина најважниот оброк во денот, особено затоа што ви ја дава енергијата која ви е потребна за да бидете присутни и продуктивни на работа. Затоа не го прескокнувајте!

Две минутното правило 

Ако за одредена работа ви требаат помалку од две минути за да ја завршите, тогаш завршете ја веднаш! Без разлика дали се работи за одговарање на е-маил или закажување на преглед кај докторот, подобро веднаш завршувајте ги овие мали задачи наместо да ги собирате како топка снег. 

Не се давете во плитко 

Кога милион мали задачи ви висат над глава лесно да се изгубите во морето од обврски. Сепак еден мал совет може да ви помогне - запомнете да не се грижите премногу околу малите работи. Ако веќе се грижите правете го тоа за големите битни работи, не за малите. 

Вербални обврзувања

Лесно да прекршите ветување кое сте си го дале самите на себе, но многу е потешко кога сте се обврзале на нешто пред некој друг. Зборовите имаат тежина и моќ, дадете им завет на пријатели или колеги (и замолете ги да ве држат за збор), и можеби полесно ќе ги заврпите оние обврски кои не би ги завршиле неопходно ако истото си го ветите себеси. 

Бидете самоуверени 

Самодовербата е клучна за успехот, особено кога станува збор за постигнување на поголема продуктивност на работното место. Како вие се гледате себеси може да влијае на нивото на самодоверба со кое се справувате со задачите, па следствено на тоа со ефективноста. 

За да бидете самоуверени пред се треба да се чувствувате убаво во сопствената кожа. Облеката која ја одбирате во голема мера може да влијае на тоа како се чувствувате, па и на вашата самодоверба. Сигурно сте забележале како ви се менува перцепцијата за себе кога ви се допаѓа одразот во огледало. Затоа одберете квалитетна деловна облека која ќе го рефлектира нивото на професионалност со кое зрачите. 

Наспијте се

Уште еден вистинит и испробан класичен трик - вам апсолутно ви треба доволно сон за да бидете продуктивни. Понекогаш можеби ви се чини дека ако останете будни неколку часа повеќе ќе завршите повеќе, но ако си скратите од сонот го уништувате следниот ден. Така влегувате во магичен круг на ненаспаност, кој нема позитивно да се одрази на вашата продуктивност. 

На опремата и треба одржување за да работи, а вашиот мозок не е ништо поразличен! Здравиот сон од шест до осум часа е задолжителен, а не опционален. 

Посветете неколку минути на работа во недела 

Недела е дефинитивно ден за одмарање, но ако често во понеделник наутро се чувствувате пренатрупани со обврски одвојте неколку минути во недела навечер за да размислите што ве чека следното утро, и барем малку да ја намалите понеделничката манија. Тоа не значи дека треба да почнете веднаш да работите, само направете мал план кој ќе ви го олесни утрото.

Бидете сигурни дека поставените цели ви се реални 

Поставувањето на нереални очекувања може да ве осуди на науспех. Не плашете се да почнете со мали чекори и да се надоградувате од таму. Ако сакате да биде мајстор во Excel, почнете така што ќе учите по неколку трикови од Excel секој ден. Ако сакате да трчате маратон, почнете со трчање неколку дена во неделата. Вашите цели не треба да бидат возвишени идеи кои не планирате никогаш да ги остварите, тие треба да бидат реални и остварливи. Кога ќе остварите една цел, тогаш поставете нова и потешка. 

Одете некаде на друго место 

Умот бара стимулации, а седењето на исто биро ден по ден може само да го зголеми нивото на стрес. Барем еден ден во неделата направете напори да одите на некое ново место. Тоа може да биде што било надвор од вашата вообичаена рутина, ново кафуле, прошетка на блиската планина, пикник во паркот и сл. Ваквите мали излети се одлична прилика за да добиете нова перспектива и помирна средина каде можете да се фокусирате. 

Поголем дел од овие трикови ќе ви помогнат да ја подобрите вашата продуктивност, но тие нема магично да направат да имате помалку работа. Вашиот деловен живот можеби никогаш нема да биде мирен, но овие трикови се мали чекори кои можете да ги превземете за да ги подобрите вашите парформанси и да бидете посреќни во вашиот деловен живот.  

Промовирани огласи »

 6-ти мај 2017 година (сабота) со почеток во 11 часот, Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство организира Отворен ден, на коj идните студенти ќе имаат уште една можност директно да се запознаат со можностите за студирање на Факултетот. Отворениот ден ќе се одржи во просториите на ФИНКИ - на техничко-технолошкиот кампус, во Карпош 2.

Ги повикуваме сите матуранти да дојдат и заедно со своите постари колеги од ФИНКИ од прва рака да се запознаат со Факултетот, со начинот, условите и можностите за студирање, со студиските програми, со лабораториите, просториите за предавање, итн.

Секако, како и секогаш и овој пат неизоставен дел ќе биде и забавата и игрите. Подетални информации за настанот можете да најдете на веб страната на ФИНКИ.

Останете во тек со случувањата и поврзете се со нас преку Facebook. 

Ве очекуваме!

Промовирани огласи »

Сивус Инкубатор на македонската иноваторска и стартап публика и овозможи уникатна можност преку отворена дебата да сподели искуства со двајца експерти, двигатели на промените во израелската стартап и иноваторска сфера. Се работи за Михаил Мизрахи, директор на еден од најголемите акцелератори во Израел, AtoBe, и Ханан Бранд, ко-основач и партнер во Корнерстоун Вентурс, израелско-американски фонд на ризичен капитал.

Макфакс разговараше со израелските експерти непосредно пред дебатата чија основна цел беше да ја запознае македонската публика со израелското економско чудо. За релативно мала земја, со малку природни ресурси, Израел успеа да создаде најмногу компании регистрирани на NASDAQ берзата и да изгради вибрантен стартап и иновациски еко-систем, на кој може да завидат и многу поголеми земји. Ги запрашавме израелските гости на кој начин нивната земја ги постигна овие успеси и што можат да и препорачаат на македонската стартап публика.

– Како Израел стана економско чудо? Кој е тајната една земја со релативно мала територија и ограничени ресурси да се претвори во толку успешна економска приказна?

Михаил Мизрахи, директор на еден од најголемите акцелератори во Израел, AtoBe: Мислам дека е тоа е доста опширно прашање, но имаме неколку причини. Mислам дека најголемата причина беше поради тоа што немавме никаков избор. Израел е како Македонија, релативно млада држава со мала популација. Како Македонија има на некој начин и проблематично соседство. Мултинационална земја со многу предизвици и без природни богатства. Немаме избор, затоа мора да го земеме тоа што го поседуваме и да го направиме најдобро.

Каков совет би и дале на македонската стартап публика, што треба да се направи за да се постигнат солидни резултати?

Михаил Мизрахи, директор на еден од најголемите акцелератори во Израел, AtoBe: Мислам дека има три работи кои македонските

Стартапи можат да научат од ова. Како прво, не се плашите од неуспех…

Бидејќи кај нас во Израел пазарот практично како да не постои. Не можеш да продаваш само на Македонците и на Балканот, мораш да размислуваш на глобалниот пазар. Каде што можеш да се прошириш и да создадеш реална цена за инвеститорите и за твојот тим.

– Што мислите, дали Македонија може да го следи израелскиот пример и да стане ново, овојпат балканско, чудо?

Ханан Бранд, ко-основач и партнер во Корнерстоун Вентурс: За кратко време откако сме тука, бевме запознаени со македонските ЕКО системи, во кои не се сомневам. Тоа што го поседувате тука, е доволно да направите одлични ЕКО системи. Позитивна работа, мислам за израелските ЕКО системи е поврзаноста. Фактот дека сите работат заедно, големите компании, Стартап-ите, Академијата, инвеститорите, владата…

Од она што го гледаме овде, ми се чини дека повеќето од работите се на своето место. Особено ако успеете да соработувате меѓусебно како ЕКО систем и да ги промовирате вашите компании, верувам дека на тој начин ќе одите по израелските стапки.

 – Кое е новото технолошко достигнување што светот може да го чекува:

Ханан Бранд, ко-основач и партнер во Корнерстоун Вентурс: Верувам дека има многу промени. Технологиите поврзани со вештачката интелегенција менуваат многу работи. Роботиката, гледаме како многу работи од минатото стануваaт заменливи од роботите, машинеријата, вештачката интелегенција. И во медицинскиот и дигиталниот свет секогаш има простор за напредок и мислам дека таму се можни нови достигнувања.

Дебатата со израелските експерти инаку е организирана во соработка со Швајцарската програма за претприемништво, која е поддржана од Владата на Швајцарија и имплементирана од Swisscontact.

Извор - Макфакс

Промовирани огласи »

Охридската цреша стана деветнаесетиот бренд со заштитен географски називи во Македонија. Барањето што беше поднесено заедно со елаборат за регистрација на заштитен назив со географска ознака од страна на производители на оваа овошка е веќе одобрено и излезено во „Службен весник“. Таа им прави друштво на кочански ориз, тетовски грав, малешевско сирење, охридски чај и македонски ајвар. Меѓу брендовите најмногу има вино, сирење, мед, но и минерална изворска вода. Фирмите кои брендираат одреден производ ќе добијат по 300.000 денари субвенции за производ.

Садење според правилник

Предвидено е кофинансирање на 50 проценти од трошоците во процесот на заштита на квалитетот и поддршка на производителите кои користат заштитени македонски називи. Со 80 отсто ќе се покриваат трошоците направени за воведување заштитна ознака за квалитет, за изработка на елаборат на производот, анализи, трошоци за контрола и верификација.

Во Министерството за земјоделство велат дека елаборатот за охридската цреша беше на увид и секое домашно или странско правно или физичко лице, кое имаше право, можеше да поднесе приговор на предложениот назив.

- Приговорите можеа да се поднесат до Министерството во рок од 30 дена од денот на објавувањето на елаборатот. Секој што сметаше дека се исполнети условите за приговор утврдени од Законот за квалитетот на земјоделските производи имаше право на тоа. Во овој случај никој не поднесе приговор - велат во Министерството.

Земјоделската задруга „Охридска черешна 2015“, секоја година пред почетокот на сезоната на берба изготвува листа на производители која ги содржи податоците за производителот, површината под насад, сортата, подлогата, бројот на стебла, предвидениот принос во тони, просечната старост на овошките во години и точната локација, а на крајот од самата листа се наведува предвиденото вкупно производство.

Во елаборатот стои дека новите насади на охридска цреша ќе се одгледуваат со густина на садење од 625 растенија на хектар доколку се калемени на бујни подлоги и густина од 1.200 растенија на хектар, доколку се калемени на слабо бујни или среднобујни подлоги.

Прскање само со контрола

За подигнување нови насади по добивањето на заштитата за ознака на потекло, задолжително треба да се користи исклучиво саден материјал набавен од официјално регистрирани расадници, проследени со сертификат за конечно сертифициран материјал за размножување и саден материјал, издаден од Управата за семе и саден материјал. Со него се потврдува сортната чистота и здравствената состојба на материјалот за размножување.

Растителна заштита ќе се врши само тогаш кога појавата на болести и штетници ќе го надмине економскиот праг на штетност или кога условите на средината се поволни за развој на болести и штетници.

Плодовите со географска ознака „охридска цреша“ се пакуваат во дрвени или хартиени гајби со тежина од 4 килограми. Подготовката за пазар, како и пакувањето ќе се одвива во производното географско подрачје.

Бербата се врши рачно и крајно внимателно, како би се избегнале штети на плодовите. Плодовите се пакуваат и дистрибуираат веднаш по бербата.

Земјоделците да ги пријават штетите од пролетниот мраз

До 10 мај земјоделците може да поднесуваат барање за процена на штети од доцните пролетни мразови настанати на 21 и 22 овој месец. Барањата треба да се доставуваат во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Во прилог на барањето земјоделците треба да достават и фотокопии од лични документи и трансакциска сметка, како и фотокопија од документ за доказ за користење или сопственост на земјоделското земјиште, соопшти МЗШВ.

За процената на штетите формирани се 73 комисии кои ќе ги посетат сите земјоделските стопанства на чии површини има измрзнување на културите.

Во согласност со одлуката на Владата од недела комисии за испитување на штетите настанати кај овошните и лозовите насади од ниските температури и мразот се на терен и прават записници за штетите.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »