Промовирани огласи »

Досега нема многу информации за претстојната телефонска линија „Xiaomi Redmi K50“, но благодарение на дојавувач од Кина, сега ги имаме главните спецификации за најсилниот член на ова семејство – моделот „Redmi K50 Pro +“.

Се очекува „Xiaomi Redmi K50 Pro +“ да работи со сѐ уште необјавениот чипсет „Snapdragon 898“ и ќе се напојува со батерија од 5000mAh. Екранот ќе има центрирана дупка за селфи камера и сензор за отпечатоци под екранот.

Се очекува главен сензор од 108MP во полето на камерата, заедно со телефото камера со перископ. Доколку овие информации се покажат како точни, „K50 Pro +“ ќе биде вистински премиум телефон.

Бидејќи ќе го користи чипсетот „Snapdragon 898“, не се очекува да го видиме „Xiaomi Redmi K50 Pro +“ на продажба во текот на оваа година.

„Qualcomm“ обично ги објавува своите премиум чипови на крајот на годината, а првите уреди што ги користат ќе се појават на почетокот на следната година (во овој случај, тоа ќе биде почеток на 2022-ра година).

Промовирани огласи »

Европските парламентарци бараат максимално ограничување на брзината на 30 km/h во населените места

Европскиот парламент усвои резолуција со која се повикуваат земјите-членки да воведат нови правила во областа на транспорто

Европскиот парламент усвои резолуција со која се повикуваат земјите-членки да воведат нови правила во областа на транспортот.

Правилата главно се насочени кон намалување на бројот на несреќи, како и смртни случаи во сообраќајни незгоди. Еден од предлозите е да се воведе максимална брзина од 30 km/h во населените места низ ЕУ. Нешто слично веќе заживеа во многу мал број градови на територијата на ЕУ, а неодамна и во Париз. 

Покрај тоа, европските парламентарци бараат да се воспостават законски рамки за воведување на таканаречен „безбеден режим“ за мобилни телефони што би се користел додека возачот вози. Дополнително, тие предлагаат воведување на посебни даночни олеснувања за купувачите на „особено безбедни автомобили“, иако никаде не е дефинирано што сметаат пратениците под тој опис.

Членовите на Европскиот парламент ги критикуваа институциите на ЕУ за бавното намалување на бројот на смртни случаи во сообраќајни несреќи низ Стариот континент. Планирано е тој број да се намали за 50% во периодот од 2010 до 2020 година, но тоа не е постигнато (намалувањето било 36%).

ЕУ планира да 2050 година да достигне „нула стапка на несреќи кои ќе резултираат со смрт на луѓе“, и иако нема сомневање дека ова е благороден потфат, веројатно нема да биде целосно остварлив.

Европратениците ја повикуваат Европската комисија да се справи со проблемот со електрични скутери и други уреди во областа на микро-мобилноста и да ја регулира нивната употреба на ниво на целата Унија, бидејќи сегашните регулативи на земјите се многу разновидни и збунувачки за населението при преселба од една во друга земја.

Промовирани огласи »

Погледнете кои огласи за работа се најактуелни оваа недела

KARIERA.mk ви овозможува преглед на најдобрите огласи за вработување, погледнете ги!

Оваа недела за најљубопитните издвојуваме кои беа најпосетените огласи за работа. KARIERA.mk секогаш соработува со проверени компании кои се во процес на пребарување на нови вработени. Разгледај ги опциите, можеби твоето ново работно место е токму меѓу нив.

FASHION HOUSE За потребите на новите продажните салони на TOMMY HILFIGER, CALVIN KLEIN, GANT, OVS KIDS, L'OCCITANE вработува продажни асистенти. 

Нудat стабилен пакет за вработување со фиксна плата + бонус за реализирани продажби, континуирана обука на вработените, позитивна и убава атмосфера за работа во најдобрите продажни салони во Скопје.

Работа во смени, со полно работно време - 6 часа дневно.

Agile Pro Solutions, американска компанија со канцеларии во Скопје, е во потрага по диспечери

.

Приватна агенција за вработување МОТИВИ, во моментот има објавени повеќе огласи за вработување од различни сфери на работењето.

- Продажен персонал за East Gate Mall
- Оператор на лента
- Web designer
- Работник во производство, оператор на CNC машина
- Асистент за продажба во Rebecca, во East Gate Mall
- Facility manager
- Електро инженер

Mellon Solutions вработува ТЕЛЕФОНСКИ ОПЕРАТОРИ

Ланецот бурекџилници КИСМИ има потреба од мајстори-пекари за производство на бурек, пити, бели печива и лиснато тесто, со плата 42.000,оо - има можност за договор.

Бе-Да Логистик, компанија за организирање и посредување транспорт и шпедиција распишува оглас за работна позиција:

АГЕНТ ЗА ТРАНСПОРТ И ЛОГИСТИКА ЗА НА КАНАДСКИОТ И АМЕРИКАНСКИ ПАЗАР

Hi-Tech Corp е водечки Европски производител на електронски печатени плочки специјализирани за брзо производство на прототипи и мали и средни волуменски серии на цврсти, флексибилни и крути-флексибилни повеќеслојни плочки. Во моментот имаат отворени 4 слободни работни места
Машински инженери
Електро инженери
Процес инженери за работа во производство
Возач на автобус комби со Д категорија

Врвниот ланец на хотели Double Tree by Hilton во Скопје има потреба од 
Козметичарка
Електричар

Неуромедикапрвиот приватен медицински бренд во Македонија кој веќе 29 години работи на полето на современа и напредна здравствена заштита има објавени огласи за 
Општ доктор 

Медицински сестри

Софтверската компанија Open Gi вработува 
Agile Business Analyst
UI/UX DESIGNER


Сите останати активни огласи може да ги погледнете на KARIERA.mk

Тагови: Кариера Онлајн

Промовирани огласи »

Системите за препознавање на лице што ги користи полицијата насекаде во светот, можат да бидат „измамени“ со малку шминка нанесена на одредени точки на лицето.

Едно истражување спроведено од Универзитетот Бен-Гурион во Израел укажува на една голема слабост на овие системи кои имаат се поголема примена во полицијата за препознавање на сторители на разни кривични декла. Но, сега е утврдено дека само малку шминка на вистинските места на лицето е доволна за да се измами вештачката интелигенција и да се спречи да го поврзе лицето со правилен идентитет.

Истражувачите развиле софтвер кој прикажува како може да се измами системот за препознавање на лица благодарение на шминката, поточно системот којшто создава мапа на лицето, истакнувајќи ги главните црти со кои системот со вештачката интелигенција се служи за да нè препознае.

Тргнувајќи од оваа мапа, софтверот на истражувачите создава дигитална проекција за еден од можните трикови за шминкање што треба да се примени на вистинските места за „сомнителното лице” да помине незабележано пред системот за препознавање лица.

Тестирањата направени со помош на десет мажи и десет жени на возраст од 20 до 28 години дале извонредни резултати – со примена на шминка онаму каде што е наведено со софтверот, вештачката интелигенција потфрлила, не успевајќи да го препознае лицето во 98,8% од случаите. Од друга страна, без примена на шминка системот го препознавал лицето во 47,6% од случаите. Препознавањето на лицето генерално функционирало полошо кај жените. Без шминка тие биле препознаени во 42,6% од случаите, наспроти 52,5% кај мажите, а со шминка во само 0,9% од случаите, наспроти 1, 5% кај мажите.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »