Од компанијата JYSK истото го направиле и во земјите од регионот, па така во Хрватска на вработените им биле исплатени околу 392.000 евра годишен бруто бонус, додека во БиХ сумата е околу 180.000 евра
Како резултат на успешната 2020/2021 финансиска година, JYSK, данскиот малопродажен синџир на своите вработени во Србија им исплатил бонуси кои достигнале суми до речиси 500.000 динари (околу 4.260 евра), за одредени вработени кои работат во продавниците кои оствариле најголем раст на прометот.
Од JYSK Србија наведуваат дека во текот на финансиската 2020/2021 година најуспешен тим со најголем исплатен бонус бил тимот од продавницата во Карабурма, а потоа следуваат тимовите од Maxton центарот во Нови Сад и продавницата JYSK во Краљево.
Многу сум горд на целиот мој тим! Оваа награда првенствено е резултат на квалитетна работа со клиентите, фокусирање на клучните ставки и тимската работа. Најдобро од сè е тоа што секоја година имаме еднакви шанси да добиеме уште поголем бонус и сè е во наши раце, вели Милан Војисављевиќ, менаџер на продавницата JYSK во Карабурма за Bonitet.com.
Од компанијата JYSK истото го направиле и во земјите од регионот, па така во Хрватска на вработените им биле исплатени 2.950.929,86 куни (околу 392.000 евра) годишен бруто бонус, додека во БиХ сумата е 362.987 КМ (околу 180.000 евра), известуваат тамошните медиуми.
Весна Кукиќ Лончариќ, регионален менаџер во JYSK, истакнува дека овој начин на наградување се покажал како исклучително успешен:
JYSK е горд на овој бонусен систем бидејќи веруваме дека ги мотивира нашите вработени, а правилата се многу едноставни и познати на сите. Имено, вработените во секоја наша продавница имаат можност да заработат бонус во согласност со растот на прометот на одредена продавница во однос на претходната година. Тоа значи дека има разлики во исплатениот бонус меѓу самите продавници, а висината на бонусот зависи само од растот на прометот, така што нема горна граница на износот. Овој систем се покажа како многу успешен бидејќи нашите вработени се мотивирани за работа, а бидејќи бонусот за обрт се плаќа врз основа на заедничка работа без разлика на работното место во продавницата, овој модел поттикнува и тимска атмосфера. На крајот имаме задоволни вработени и клиенти кои добиваат најквалитетна услуга, изјави Кукиќ Лончариќ.