Промовирани огласи »

Голем број иницијативи насочени кон подигање на свеста за родовата еднаквост и недискриминација на жените во различни сфери на животот и бизнисот, придонесоа за зголемување на бројот на жени на највисоките позиции во водечките македонски компании.

Најновото истражување спроведено од бизнис школата COTRUGLI покажува дека менаџерските тимови и одборите на директори на водечките македонски компании (рангирани според пазарната капитализација) го зголемуваат присуството на жени во нивниот состав.

Истражувањето е спроведено на репрезентативен примерок од најголемите компании во осум земји во регионот, меѓу кои: Македонија, Србија, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Романија и Бугарија.

Регионот сè уште заостанува зад европскиот просек

Анализата на управните одбори на најголемите македонски компании покажува дека просечното учество на жените на највисоките позиции е речиси 33,98 отсто жени во одборите на директори во тие компании (рангирани по пазарна капитализација), што ја прави прва во регионот.

Овие статистички податоци се значително пониски во другите земји во регионот: Србија (27,25) Хрватска (16,56%), Бугарија (16,95%), Романија (17,55%), Словенија (18,56%), БиХ (19,86%) и Црна Гора (20,77%).

За споредба, жените во малите, средните и големите компании во Европа сочинуваат 35 отсто од одборите. Податоците на Европскиот институт за родова еднаквост ја наведуваат Франција како земја со најголем процент на жени во одборите – дури 45 проценти.

Промовирани огласи »

Оваа недела за најљубопитните издвојуваме кои беа најпосетените огласи за работа. KARIERA.mk секогаш соработува со проверени компании кои се во процес на пребарување на нови вработени. Разгледај ги опциите, можеби твоето ново работно место е токму меѓу нив.

Nedcann компанија која се занимава со негување на медицински канабис со највисок квалитет, лесно достапен за сите сектори на светскиот пазар, кои имаат намера да произведуваат производи што ќе им користат на луѓето на кои им е потребно да ги решат нивните здравствени проблеми, во моментов го проширува својот тим и е во потрага по следниве работни позиции:

HEAD OF QUALITY ASSURANCE

HUMAN RESOURCES ASSISTANT

LABORATORY TECHNICIAN

HEAD OF QUALITY CONTROL

HEAD OF MANUFACTURING-PRODUCTION

ТИГО Фајнанс е водечка финтек компанија во регионот која обезбедува обсег на финансиски услуги. Поради брзиот раст на компанијата нуди одлична можност за вработување на 

ЕКСПЕРТ ЗА КРЕДИТИРАЊЕ ВО ФИЛИЈАЛА БИТОЛА

ЕКСПЕРТ ЗА КРЕДИТИРАЊЕ ВО ФИЛИЈАЛА ДРАЧЕВО

ОПЕРАТОР ЗА ТЕЛЕФОНСКА НАПЛАТА НА ДОЛГОВИ

Asura Group е независен регионален лидер во давање услуги на одржување на објекти. Асура Фасилити Менаџмент која е дел од Инфинити Груп Холдинг, е една од водечките компании за фасилити менаџмент услуги, логистички решенија и проектен менаџмент во регионот. 

ТЕХНИЧАР-ЕЛЕКТРИЧАР 

ХИГИЕНИЧАР/КА 

ТЕХНИЧАР ЗА ОДРЖУВАЊЕ (ХАУСМАЈСТОР)

ШЕФ НА ОДРЖУВАЊЕ ХИГИЕНА

Брендот Техномаркет се појави на овој пазар како промотор на најсовремената технологија во областа на апаратите за домаќинство, црната (ТВ, аудио, видео) и белата техника, како и IT производите. ТЕХНОМАРКЕТ  распишува оглас за вработување на ПРОДАВАЧИ во Скопје и КАВАДАРЦИ.

РЕСОРТ МАВРОВО е планински ресорт (Хотел Бистра, Хотел Спорт и Хотел Лоџ, Спорт и Ски Центар Маврово) и место за одмор и рекреација на фамилии со деца, спортски припреми на професионални спортски организации и канцеларија за работа на индивидуалци и организации во сите годишни времиња. Доколку сакаш да бидеш дел од тимот и да работиш во чиста планинска средина, аплицирај за некоја од отворените работни позиции 

КЕЛНЕР/КА

МИЈАЧ/КА НА САДОВИ 

ШАНКЕР/КА

ЕКВИЛИБРИУМ РЕСТОРАН вработува ГОТВАЧ/КА

b watch 1920 како најценет и добро познат бренд за продажба на часовници и накит во Македонија, има потреба од проширување на тимот асистенти за продажба во салоните во Скопје.

СЕ КЛУБ ФАСИЛИТИ МЕНАЏМЕНТ вработува во CEVAHIR SKY CITY на следниве работни позиции:

ХИГИЕНИЧАР/КА

ОБЕЗБЕДУВАЊЕ

ТЕХНИЧКИ ПЕРСОНАЛ 

VALIDATA DEVELOPMENT EOOD дел од Validata Group. Мултинационална компанија, основана во 2004 година. Повеќе од една деценија развива иновативни производи за банкарскиот сектор. Исто така нуди имплементација и консултантски услуги на своите клиенти низ целиот свет. Во моментов вработува SENIOR C# .NET DEVELOPER

Сите останати огласи погледнете ги на KARIERA.mk.

 

Промовирани огласи »

Денеска се очекува да се одржи првиот состанок за најавеното зголемување на пензиите, а на него, според најавите, треба да учествуваат сите засегнати страни кои низ дијалог ќе го донесат најприфатливото решение.

Премиерот Димитар Ковачевски и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи најавија дека на состанокот ќе се разговара за можноста за промена на методологијата која би се донела низ дијалог со сите страни.

Во однос на методологијата, имавме веќе едно покачување на пензиите, а следува и уште едно покачување на пензиите, меѓутоа низ досегашните разговори и барања на асоцијациите на пензионерите како и низ анализите кои претходно беа правени, веќе се пристапи кон разговори од кои што треба да произлезе нова методологија за пораст и усогласување на пензиите. Тоа е значајно затоа што на таков начин ќе може да се обезбеди континуиран и соодветен раст на пензиите бидејќи пензионерите тоа го заслужуваат, изјави премиерот Ковачевски.

Промовирани огласи »

Купувачите од САД веќе се информирани за немилиот настан поради кој нема да им бидат испорачани скапите автомобили.

По последната вест утрово, според која хеликоптер на португалската морнарица спасил и евакуирал на безбедно 22 члена од екипажот, бродот, очигледно, бил оставен на судбината и пожарот што го зафатил.

BREAKING: A giant cargo ship "Felicity Ace" is on fire in the middle of the Atlantic Ocean.

It's carrying a cargo of Porsche and VW automobiles.

The crew safely abandoned ship in lifeboats. Under maritime law the ship is now "finders keepers." pic.twitter.com/gHLqHncrOi

— Retro Tech Noir (@RetroTechNoir) February 17, 2022

Во меѓувреме не можела да се дознае причината за пожарот, но се знае каков товар превезувал бродот. На бродот долг 200 метри имало дури 2.500 автомобили, од кои дури 1.100 биле Порше. "Голем број наши автомобили се меѓу товарот. Во контакт сме со сопственикот на бродот и деталите за автомобилите на бродот се познати. Дилерите ќе ги информираат клиентите погодени од овој инцидент", изјавил за Autoblog портпаролот на Porsche, Лук Вандезанде.

Вандазанде потврдил дека на бродот имало 1100 Порше, од вкупно 2.500 автомобили и ги советувал сите клиенти да се обратат до домашните застапништва за да добијат точни и навремени информации.

VWVortex.com објави дека овој брод веќе подолго време превезува автомобили од групацијата VW. Исто така, многу купувачи на моделот ID.4 на Volkswagen велат дека достапните информации сугерираат дека нивните автомобили биле на тој брод.

Да потсетиме, Фелисити Ејс исплови од Емден во Германија, а требало да пристигне на Род Ајленд на 23 февруари. СОС сигналот бил испратен рано утрово од област недалеку од островот Фајал на Азорските Острови. Португалската морнарица и четири блиски товарни бродови пристигнале за да му помогнат на бродот среде Атлантикот. Се претпоставува дека бродот ќе биде одвлечен до најблиското пристаниште и потоа ќе оди да се отпише заедно со товарот.


Причината за пожарот не е позната, но има загрижувачки информации дека екипажот не успеал да го изгаси пожарот со опремата со која располагала на бродот. Затоа многумина претпоставуваат дека пожарот не можел да се изгасне.

Ова не е прва ваква несреќа на брод што превезува возила од групацијата VW. Во 2019 година, во близина на брегот на Бразил, пожар го зафати Гранде Америка со над 2.000 Ауди и Порше. Бродот превезувал и четири специјални Porsche 911 GT2 RS уништени во пожарот. Порше не решиле финансиски да ги обештетат клиентите, туку го рестартирале производството и склопиле четири примероци.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »