Промовирани огласи »

Методологијата за усогласување на пензиите ќе се менува со цел да се изнајде модел кој ќе овозможи одржливо решение на долг рок, договорија здруженијата на пензионери и Владата на денешната средба.

Следната средба е закажана за почетокот на март, а дотогаш Владата ќе ги направи потребните симулации за предлозите на пензионерите.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи очекува решение да се најде максимум до 10 март, а, како што изјави денеска, ќе биде среќен тоа да се случи и многу порано.

Мислам дека имаме согласност оти методолгијата за усогласување треба да се смени. Мислам дека на наредната средба ќе го имаме дефинирано моделот и ќе имаме заеднички став. Се радувам што и Сојузот на здруженија на пензионери и Партијата на пензионери беа солидарни кон различните категории на пензионери и добиваат различна висина на пензии. Зборувавме за различни модели кои ќе значат посолидарен начин на поддршка. Тоа што ни остана како Влада е во следниот период да направиме симулации и да видиме какви импликации ќе има тоа врз пензискиот фонд, изјави Битиќи по средбата.

Нагласи дека пензискиот фонд е стабилен и оти има зголемени приходи минатата година, а тенденцијата е тој тренд да продолжи.

Тоа осигурува дека ние може да одговориме позитивно на зголемување на пензиите. Само во јануари имаме усоглсување на пензиите од три проценти. На просечна пензија тоа е околу 478 денари во апсолутен износ. Ако останеме на истиот модел, пензионерите ќе добијат најмалку уште 500 денари во јули, но ние зборуваме за нов модел на усогласување кој ќе понуди повеќе од тоа, изјави Битиќи, порачувајќи дека нема да направат модел кој ќе значи за две години нестабилност на пензискиот фонд.

Моделот којшто го предложиле од пензионерските здруженија е тој да биде заснован на промена на животниот стандард и промена на просечните плати.

Според министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска, треба да се создаде систем кој ќе овозможи сигурност за пензионерите.

 Создаваме систем според кој пензионерите ќе имаат сигурност и покачувањето на нивните пензии нема да зависи од ничија политичка волја или од тоа дали ќе има избори. Носиме решение кое е одржливо на долг рок, изјави Тренчевска по состанокот.

Бенефит од зголемувањето на пензиите треба да имаат 328 илјади пензионери.

Пензионерите се задоволни од исходот на денешниот состанок и се надеваат на решение кое ќе биде прифатливо за сите страни.

Денеска започна процесот на разговори за да се дојде до траен модел за усогласување на пензиите кој треба да се гледа и од аспект на пензионерот и од аспект на пензискиот систем. Треба да се изнајде законско решение кое ќе обезбеди сигурност на корисните на пензии, а истовремено ќе значи одржливо решение, рече претседателката на Сојузот на здруженија на пензионери Станка Трајковска.

Промовирани огласи »

Јапонската економија закрепна во последните три месеци од 2021 година, бидејќи падот на случаите на коронавирус помогна да се поттикне потрошувачката, иако зголемувањето на трошоците за суровините и скокот на инфекциите со новата варијанта на Омикрон ги заматуваат изгледите.

Гувернерот на Банката на Јапонија, исто така, ја истакна ескалацијата на тензиите во Украина како нов ризик за прогнозата на централната банка за умерено економско закрепнување.

Третата по големина економија во светот се прошири на годишно ниво 5,4% во октомври-декември, откако се намали за ревидирани 2,7% во претходниот квартал, покажаа владините податоци во вторникот, што е помалку од просечната пазарна прогноза за раст од 5,8%.

Некои аналитичари очекуваат економијата повторно да опадне во тековниот квартал бидејќи зголемените случаи на КОВИД-19 ги спречуваат домаќинствата да купуваат и прекините на синџирот на снабдување го погодија производството во фабриките.

Промовирани огласи »

Голем број иницијативи насочени кон подигање на свеста за родовата еднаквост и недискриминација на жените во различни сфери на животот и бизнисот, придонесоа за зголемување на бројот на жени на највисоките позиции во водечките македонски компании.

Најновото истражување спроведено од бизнис школата COTRUGLI покажува дека менаџерските тимови и одборите на директори на водечките македонски компании (рангирани според пазарната капитализација) го зголемуваат присуството на жени во нивниот состав.

Истражувањето е спроведено на репрезентативен примерок од најголемите компании во осум земји во регионот, меѓу кои: Македонија, Србија, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Романија и Бугарија.

Регионот сè уште заостанува зад европскиот просек

Анализата на управните одбори на најголемите македонски компании покажува дека просечното учество на жените на највисоките позиции е речиси 33,98 отсто жени во одборите на директори во тие компании (рангирани по пазарна капитализација), што ја прави прва во регионот.

Овие статистички податоци се значително пониски во другите земји во регионот: Србија (27,25) Хрватска (16,56%), Бугарија (16,95%), Романија (17,55%), Словенија (18,56%), БиХ (19,86%) и Црна Гора (20,77%).

За споредба, жените во малите, средните и големите компании во Европа сочинуваат 35 отсто од одборите. Податоците на Европскиот институт за родова еднаквост ја наведуваат Франција како земја со најголем процент на жени во одборите – дури 45 проценти.

Промовирани огласи »

Оваа недела за најљубопитните издвојуваме кои беа најпосетените огласи за работа. KARIERA.mk секогаш соработува со проверени компании кои се во процес на пребарување на нови вработени. Разгледај ги опциите, можеби твоето ново работно место е токму меѓу нив.

Nedcann компанија која се занимава со негување на медицински канабис со највисок квалитет, лесно достапен за сите сектори на светскиот пазар, кои имаат намера да произведуваат производи што ќе им користат на луѓето на кои им е потребно да ги решат нивните здравствени проблеми, во моментов го проширува својот тим и е во потрага по следниве работни позиции:

HEAD OF QUALITY ASSURANCE

HUMAN RESOURCES ASSISTANT

LABORATORY TECHNICIAN

HEAD OF QUALITY CONTROL

HEAD OF MANUFACTURING-PRODUCTION

ТИГО Фајнанс е водечка финтек компанија во регионот која обезбедува обсег на финансиски услуги. Поради брзиот раст на компанијата нуди одлична можност за вработување на 

ЕКСПЕРТ ЗА КРЕДИТИРАЊЕ ВО ФИЛИЈАЛА БИТОЛА

ЕКСПЕРТ ЗА КРЕДИТИРАЊЕ ВО ФИЛИЈАЛА ДРАЧЕВО

ОПЕРАТОР ЗА ТЕЛЕФОНСКА НАПЛАТА НА ДОЛГОВИ

Asura Group е независен регионален лидер во давање услуги на одржување на објекти. Асура Фасилити Менаџмент која е дел од Инфинити Груп Холдинг, е една од водечките компании за фасилити менаџмент услуги, логистички решенија и проектен менаџмент во регионот. 

ТЕХНИЧАР-ЕЛЕКТРИЧАР 

ХИГИЕНИЧАР/КА 

ТЕХНИЧАР ЗА ОДРЖУВАЊЕ (ХАУСМАЈСТОР)

ШЕФ НА ОДРЖУВАЊЕ ХИГИЕНА

Брендот Техномаркет се појави на овој пазар како промотор на најсовремената технологија во областа на апаратите за домаќинство, црната (ТВ, аудио, видео) и белата техника, како и IT производите. ТЕХНОМАРКЕТ  распишува оглас за вработување на ПРОДАВАЧИ во Скопје и КАВАДАРЦИ.

РЕСОРТ МАВРОВО е планински ресорт (Хотел Бистра, Хотел Спорт и Хотел Лоџ, Спорт и Ски Центар Маврово) и место за одмор и рекреација на фамилии со деца, спортски припреми на професионални спортски организации и канцеларија за работа на индивидуалци и организации во сите годишни времиња. Доколку сакаш да бидеш дел од тимот и да работиш во чиста планинска средина, аплицирај за некоја од отворените работни позиции 

КЕЛНЕР/КА

МИЈАЧ/КА НА САДОВИ 

ШАНКЕР/КА

ЕКВИЛИБРИУМ РЕСТОРАН вработува ГОТВАЧ/КА

b watch 1920 како најценет и добро познат бренд за продажба на часовници и накит во Македонија, има потреба од проширување на тимот асистенти за продажба во салоните во Скопје.

СЕ КЛУБ ФАСИЛИТИ МЕНАЏМЕНТ вработува во CEVAHIR SKY CITY на следниве работни позиции:

ХИГИЕНИЧАР/КА

ОБЕЗБЕДУВАЊЕ

ТЕХНИЧКИ ПЕРСОНАЛ 

VALIDATA DEVELOPMENT EOOD дел од Validata Group. Мултинационална компанија, основана во 2004 година. Повеќе од една деценија развива иновативни производи за банкарскиот сектор. Исто така нуди имплементација и консултантски услуги на своите клиенти низ целиот свет. Во моментов вработува SENIOR C# .NET DEVELOPER

Сите останати огласи погледнете ги на KARIERA.mk.

 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »