Генерали Инвестментс АД Скопје

ЕМБС: 6364578
Индустрија: Финансии и банкарство
Адреса: бул. Партизански одреди бр. 14A, влез 1, кат 2/2,
Град: Скопје
Основана во 2008
Генерали Инвестментс е основана во 2008 година под името КД Фондови. Нејзиниот основен бизнис е управувањето со средства, односно остварувањето на финансиски приноси во зависност од структурата на управуваните портфолија. Во февруари 2019 година, Друштвото КД Фондови се приклучи кон Групацијата Generali и во овие рамки ја продолжува својата долга традиција на обезбедување на професионални услуги за управување со средства со нов корпоративен идентитет. КД Фондови официјално го промени името во Генерали Инвестментс во септември 2019 година, а својот идентитет на брендот го поврза со добро познатиот лав на плоштадот Свети Марко, симболот на Венеција и на Generali Group.

Нашите фондови инвестираат во различни инвестициски класи како што се инструменти со фиксен принос, депозити, акции на светските пазари во голем број на различни индустрии. Благодарение на широкиот спектар на инвестициски производи со долгорочен потенцијал што го нудиме, инвеститорите можат да создадат свое портфолио во секое време според нивните финансиски желби и потреби.

Моментално нема активни огласи.




барај огласи за вработување » барај останати огласи »