Hardware/Embedded Software Engineer

За компанијата: IP Home & Office е IT компанија специјализирана за развој на паметни решенија со примена на технологијата Internet of Things. Единствени на пазарот нудиме можност за адаптација на постоечките уредите кон... повеќе за компанијата »

IP Home & Office вработува хардверски/embedded software инженер за развој и имплементација на софтвер за IoT уреди и решенија. 

За оваа позиција неопходни се следните квалификации:

  • солидно познавање и искуство со програмски јазик C/C++
  • солидно познавање на Англиски јазик
  • диплома од електротехнички факултет или факултет за информатички науки
  • познавање на протоколи и TCP/IP stack
  • познавање на SQL датабази 

Предност имаат кандидати со следните квалификации:

  • практично искуство со развој на софтвер кој комуницира со API и датабази
  • практично искуство со развој на софтвер кој применува SSL комуникација
  • практично искуство со развој и тестирање на embedded software 
  • познавање на интерфејси за комуникација со периферен хардвер
  • способност за читање на шеми и документации за електронски компоненти

Активности во склоп на работната позиција:

  • Дизајн и имплементација на софтвер за IoT уреди и сензори
  • Дизајн, развој, имплементација, тестирање и дебагирање на embedded software
  • Code review 
  • Интеграција на нови производи (уреди)
  • Активно учество при процесот на дизајн и развој на нови хардверски решенија
  • Анализа на third party и open source software

Заинтересираните кандидати да испратат CV на [најави се за да го видиш е-маилот]

Кандидатите кои имаат практично искуство со имплементација на софтвер во C/C++ може да испратат и опис на дел од проектите и во куси црти да го наведат нивниот допринос при имплементација на софтверот.

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »