Хаус мајстор

  • Објавен пред една недела
  • ДЕЛТА БЕТ
  • Активен до 25.06.2021
  • Позиција: Занаетчија
  • Локација: Скопје

Компанијата Mozzart, како најголем приредувач на игри на среќа во Југоисточна Европа, застапена е на териториите на Србија, Малта, Романија, Република Српска, Македонија, Хрватска и Кенија. Со повеќе од 1000 уплатни места и околу 4.300 вработени, компанијатта Mozzart убедливо е регионален лидер вo оваа трговска дејност. Нашата работна политика е заснована на модерните принципи на работење, постојано унапредување на услугите и сфаќање на иновативноста и единственоста како императив. Свесни дека успехот на компанијата е невозможен без стимулативно, динамично и удобно работно опкружување кое придонесува кон развојот на способностите, знаењето и кариерата на вработените, внимателно ја градевме својата репутација за најпосакуван работодавач.

                                            За потребите на нашето седиште во Скопје потребен ни е

                                                                          ХАУС  МАЈСТОР          

Основни должности:

  1. Тековно одржување на сите подружници во Македонија
  2. Отклонување на ситни дефекти на електро и машинските инсталации
  3. Отклонување на ситни дефекти на водоводните инсталации и браварски работи
  4. Пријавување на дефекти, следење на работата на надворешни сервисери и изведувачи на објектите, водење евиденција за одржувањето
  5. Контрола на работењето и одржување на системите за вентилација, климатизација и греење
  6. Чистење на воздушните филтери на системите за климатизација и вентилација
  7. Одржување на мрежата на ТВ уреди
  8. Одржување на светлечките реклами
  9. Одржување на останатиот инвентар во подружниците
  10. Помош на другите сектори и служби во случај на потреба
  11. Уредно водење патни налози
  12. Следење на исправноста на возилото и пропратната опрема на возилото  кое го користи
  13. Пополнување на електронски патен налог
  14. Водење сметка за потрошувачката на горивото

Услови:

  1. Средна стручна спрема, машинска или електро насока
  2. Најмалку 2 години работно искуство на исти или слични работни позиции
  3. Возачка дозвола Б категорија – активен возач
  4. Дополнителни знаења: работа со компјутер
  5. Одговорна и вредна особа, со претприемачки дух и отворена за соработка
  6. Исклучителна брзина и прецизност во работата, сигурност и организираност

Доколку сакате да бидете дел од тимот на Mozzart, чија основна цел е да воспостави и  ги подигне стандардите во областа на спортското обложување во Македонија и Источна Европа, Ве молиме Вашето CV и мотивационото писмо да ги испратите на e-маил [email protected]k. Во насловот на мејлот (subject) наведете ја позицијата за која аплицирате.

Краен рок за поднесување на пријавите е 25.06.2021 година. Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг. Непотполните пријави нема да бидат разгледувани.