За компанијата: Банката е формирана во 1993 година како една од првите приватни банки во земјата под името Кредитна Банка АД Скопје. Од мај 2016 година, Банката работи под името Силк Роуд Банка АД Скопје и е единствена банка во Р. Македонија и регионот со 100% швајцарски капитал.
повеќе за компанијата »(преземи го огласот во Word)
Оглас за вработување на специјалист за системски и мрежни сервиси во Служба за информатичка технологијаво Силк Роуд Банка АД Скопје
СИЛК РОУД БАНКА АД СКОПЈЕ нуди можност за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина, со можност за личен развој и професионален напредок.
Банката вработува специјалист за системски и мрежни сервиси во Служба за информатичка технологија.
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните обврски:
- Ефикасно обезбедување, инсталација/конфигурација, операционализација и одржување на системскиот хардвер и софтвер и за соодветната инфраструктура;
- Дневен мониторинг и потврда на интегритетот и достапноста на целиот хардвер, серверски ресурси, системски и клучни процеси, преглед на системските и апликациските технички записи и потврдување на извршувањето на закажаните постапки како што е бекапот;
- Извршување на редовен безбедносен мониторинг со цел идентификација на евентуални упади;
- Извршување на дневни бекап операции, осигурувајќи дека сите потребни системски фајлови и системски податоци се успешно копирани на соодветен резервен медиум и доставени;
- Инсталација на нов / доградба на постоечките сервери и конфигурација на хардверот,
- Инсталација и конфигурирање на системи кои се дел од инфраструктурни апликации
Кандидатите треба да поседуваат:
- Диплома од завршено високо образование во областа на информатичката технологија (пожелно)
- Најмалку 5 години работно искуство во областа на информационата технологија
- Познавање на релевантни информациони технологии
- Microsoft сертификати ќе се сметаат за предност
- Познавање na деловните банкарски технологии и процеси ќе се смета како предност
- Солидно познавање на Англиски јазик
- Способност за тимска работа и работа под притисок
- Да не е изречена забрана за вршење на професија, дејност и должност
Работното време е 8 часа дневно, односно 40 часа неделно, од понеделник до петок.
Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат наведените услови, потребно е да испратат кратка биографија и мотивационо писмо на македонски јазик на [најави се за да го видиш е-маилот] со задолжителна назнака за “специјалист за системски и мрежни сервиси во Служба за информатичка технологија” најдоцна до 05.11.2024 година.
Ве молиме во Вашите апликации не доставувајте сензитивни податоци како националност, вероисповест како и детали за вашиот приватен живот.
Само кандидатите кои ќе бидат избрани во потесен избор ќе бидат контактирани заради спроведување на интервју или тестирање.
Сите апликации ќе имаат третман на строга доверливост. Со доставувањето на Вашата апликација ќе се смета дека се согласувате Банката да може да ги обработува Вашите лични податоци за потребите на процесот на вработување.
Согласноста може да ја повлечете во секое време со доставување на барање за истото до Офицерот за заштита на лични податоци на e-mail адресата [најави се за да го видиш е-маилот]
Слични огласи »