Неопходни компетенции:
- Завршено Високо образование ВСП (Градежен факултет)
- Работно искуство од најмалку 2 години
- Одлично познавање на англиски јазик,
- Работа со компјутери и задолжително познавање на MS Office, Microsoft Project, Auto CAD
- Поседување возачка дозвола Б категорија.
Работни задачи:
- Канцелариска работа со повремена посета на терен
- Изработка на градежни книги и градежни дневници
- Изработка на Времена ситуација
- Изработка и проследување на планови за работа
- Изработка и превод на дописи
- Изработка на Методологија за работа
- Подготовка на тендерска документација
- Разработка на арматурни планови
- Изготвување на технички решенија
- Нарачки на материјали
Личен профил:
- Одлични аналитички, комуникациски и организаторски способности
- Динамичност, ефективност и ефикасност
- Флескибилност и адаптибилност
- Посветеност, мотивираност, иницијативност
- Тимска работа и кооперативност
- Решавање на проблеми
Работниот однос се заснова на определено време во траење од 6 (шест) месеци, со можност за продолжување.
Дневното работно време на работникот е од 8 часот до 16 часот.
Неделното работно време изнесува 40 работни часа (од понеделник до петок).
Потребните документи – мотивационо писмо, СV, овластувања (доколку има)
Заентересираните кандидати да ги испратат потребните документи на следниот меил: [најави се за да го видиш е-маилот] ,со назнака за позицијата за која се аплицира.
Само кандидатите кои ќе достават комплетна документација и кои ги исполнуваат бараните услови наведени во огласот ќе бидат вклучени во процесот на селекција.
Со самото аплицирање на овој оглас, давате согласност Вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од 6 (шест) месеци.
ДПСИ КЕДИНГ ДООЕЛ Скопје води посебна грижа за заштита на лични податоци и за доверливост со Вашата апликација.
Слични огласи »