Аналитичар за бизнис процеси

За компанијата: Предизвиците во областа на човечките ресурси не се само наша секојдневна работа, туку се и наша страст. Нашето знаење и експертиза ни дозволуваат да имаме уникатен пристап кон секоја задача. Нашите клиенти... повеќе за компанијата »

Аналитичар за бизнис процеси

(business process analyst) / Digital Office by INBOX,

Опис на позицијата

ИНБОХ, отвора нова работна позиција, аналитичар на деловни-бизнис процеси, кој има за задача континуирано да анализира, документира и визуелизира работни процеси во сите аспекти на корпоративното работење и на структурен и формален начин да дава предлози и насоки за подобрување на истите со употреба на напредна дигитална технологија, во склад со потребите на бизнисот, позицијата организациски припаѓа во бизнис линијата Digital OFFICE.

Главни задачи и одговорности:

Нашиот бизнис аналитичар

  • Соработува со сите вклучени страни во било кој деловен процес за да ги анализира деловните процеси во нивната целовитост, за да ја открива смислата и целта на процесот односно што е крајна вредност, како се создава вредноста, што е мерлива единица на вредност, во кој интервал и за кого тој резултат е вредност;
  •  Самостојно и аналитички ги расчленува составните делови во процесот, ги анализира деловите и утврдува дали составните елементи одговараат на смислата и целта заради која постои процесот. Ја документира и визуелизира својата анализа;
  • Ги испитува и предизвикува активностите и технологиите кои го овозможуваат процесот и тестира употреба на напредни дигитални технологии како нови основи или катализатори во процесите и документира како тоа го менува процесот. Што се додава, што се елиминира што се менува и подобрува;
  • Создава иницијативи и предлага подобрувања во формална постапка, во која се опишува и визуелно оживува процесот преку предложените промени и употреба на нови дигитални технологии,  работни материјали и човечки компетенции. Како се поврзуваат во дефинирани активности во времето за да на најбрз и ефикасен можен начин ја остварат целта на процесот;
  • Во своите анализи применува методологии и системски знаења за процесно-инженерство во корпоративно работење, системски пристап во документирањето на анализите и предлозите, создава визуелизации и симулации на работни процеси во форма на workflows модели со употреба на дигитални алатки;
  • Им помага на сите субјекти да ја разберат процесната промена, да ја разберат својата улога, да ги подобрат и надградат своите компетенции и активно да го живеат процесот како нов подобар начин за извршување на работите.

Потребни квалификации:

  • Диплома за високо образование а предност се сметаат специјализации во полето на процесно инженерство, аналитичар за бизнис процеси,  Дигитален процес менаџмент, или слично;
  • Најмалку 1 година работно искуство во анализа и дизајнирање на корпоративни процеси, и/или искуство во анализира, дизајнирање и имплементација на ИСО Стандарди;
  • Одлично познавање на деловен англиски јазик, кој се користи за дизајн, документирање и презентирање на било која анализа и/или предлог и/или извештај;
  • Високо ниво на технолошка свест и афинитети за дигитални технологии и активно работи со напредни дигитални системи. Кандидатите со дигитална свест, знаења и способности ќе имаат голема предност;
  • Свест и способност да се биде добар комуникатор, кој може и сака да слуша, да разговара и соработува во тим. Може самостојно да држи презентации и да помага на другите да разберат и да се подобрат.

Ние Ви нудиме:

  • Можност за работа во интернационално деловно окружување;
  • Личен раст и кариерен развој според систем на заслуги;
  • Колaборативна работна атмосфера;
  • Менторски програм;
  • Флексибилност во работно време;
  • Слободни денови за лични потреби.

Доколку сте заинтересирани за позицијата, Ве молиме да се пријавите со поднесување на Ваша биографија (СV) со јасна назнака на позицијата во „предмет на пријава“ Бизнис Аналитичар, на следнава адреса: [најави се за да го видиш е-маилот]

Рок за аплицирање: 01.12.2023

 

 

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »