Стручен Соработник

За компанијата: Предизвиците во областа на човечките ресурси не се само наша секојдневна работа, туку се и наша страст. Нашето знаење и експертиза ни дозволуваат да имаме уникатен пристап кон секоја задача. Нашите клиенти... повеќе за компанијата »

Наш клиент е приватна компанија со долгогодишно искуство во областа на трговија со лабораториска опрема, која нуди интегрални решенија за сите потреби на медицински, аналитички, градежни и прехранбени лаборатории. Во име на својот клиент, Декра ја огласува следната позиција:

  • СТРУЧЕН СОРАБОТНИК

ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО

  • Комуникација и посети на клиенти заради промоција на производите кои нашата фирма ги застапува;
  • Организација на работата околу фирмите за кои ке биде належен: планирање на залиха, следење на залиха и нарачки;
  • Припрема на годишни и месечни планови, како и анализи за остварувањата според тие планови;
  • Вклученост во анализа на нови програми кои се комплементарни со постоечките со цел проширување на работата во рамките на секторот;
  • Припрема на понуди за клиентите, работење со нив на подготовка на постапки за јавна набавка, следење на реализацијата на набавките и навремено отпочнување нови.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ

  • Завршено високо образование: ПМФ (биохемија, хемија, биологија) или Фармацевтски факултет со афинитет и солидни познавања на областа биохемија;
  • Одлично познавање на работа со компјутер (Microsoft Office и Internet);
  • Одлично познавање на англиски јазик (пишување и зборување);
  • Предност ќе имаат кандидати со претходно работно искуство и стручни знаења од областа биохемија;
  • Предност ќе имаат кандидати со искуство во деловна коресподенција;
  • Поседување на Б возачка дозвола и активно возење.

ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ

  • Способност за извршување повеќе работни задачи истовремено;
  • Приспособување на нови и различни задачи;
  • Желба за учење нови работи;
  • Висока организираност, прецизност, логика и аналитичност во размислувањето;
  • Индивидуална и тимска работа.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Клиентот преку современо опремени лаборатории, здрава храна и здрава животна средина, тежнее кон развој и придонес кон подобар квалитет на живеење за сите.

Со своето богато портфолио на услуги и решенија, како и општествено одговорна компанија нуди:

  • Атрактивна и динамична работа
  • Можност за надградба на професионален план;
  • Одлични услови за работа;
  • можност за брзо напредување во кариерата. 

Позицијата е со седиште во Скопје и работно време од 08:00–16:00 часот (понеделник–петок).

Доколку сте заинтересирани за отворената работна позиција, своите професионални биографии можете да ги испратите на:  [најави се за да го видиш е-маилот] .

Крајниот рок за аплицирање е : 27/09/2019

Само кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови ќе бидат повикани на интервју.
Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »