Се бараат две лица за работа во Escape Room во Центар (на боемска улица) на возраст од 21-25 години.
Потребно е познавање на англиски јазик - течно говорење, бидејќи работата е пречек и давање на насоки на групи од 2-6 лица кои често ќе бидат странци.
Вашата основна задача ќе биде да ги гледате играчите во Escape Room-от додека ја решаваат собата и да им давате помош и насоки доколку е потребно.
Совршените кандидати се креативни, комуникативни, урбани млади лица со способност за осмислување на нови игри кои ќе се употребуваат.во собите. Ги интересираат игри, мистерија, решавање загатки, латерално размислување при решавање на проблеми.
Контактирајте не исклучиво на мејл, и кажете ни зошто токму вие треба да сте ликот на нашиот Escape Room. Кажете ни каква музика слушате, кои се вашите интереси, која ви е омилената игра, серија, филм и се што би можело да ви помогне да ве повикаме на интервју.