Референт за однос со клиенти

За компанијата: ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје е Друштво за неживотно осигурување кое се стреми кон брз развој и зголемено учество на пазарот на осигурување во Република Северна Македонија. На нашите вработени им нудиме динамична... повеќе за компанијата »

ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје е Друштво за неживотно осигурување кое се стреми кон брз развој и зголемено учество на пазарот на осигурување во Република Македонија. На нашите вработени им нудиме динамична работа со можност за  професионален развој и надоградба како и одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим.

Во согласност со нашата цел и стратегија имаме потреба од мотивирани и талентирани кандидати за вработување на следната работна позиција:

                                     Референт за односи со клиенти во Генерална Дирекција

  • Основни работни обврски

Референтот за односи со клиенти во Генерална дирекција воспоставува редовна комуникација и одржување на портфолио на постоечки и потенцијални клиенти, се грижи за уредно и навремено опсулжување на клиенти како и подобрување на односите со клиенти, врши истражување на пазарот на осигуруваење, нудење на продуктите на Друштвото, презентација на условите за осигурување и други активности за придобивање на клиенти и зголемување на порфтолиото на Друштвото.

  • Потребни квалификации и карактеристики:

            Универзитетска диплома;

            Најмалку 3 години работно искуство во осигурување;

            Добро познавање на деловната осигурителна политика во Р. Северна Македонија;

            Познавањето на македонски и англиски јазик е задолжително додека познавањето на турски и/или албански јазик ќе се смета за предност;

            Ориентираност кон клиенти;

            Одлични комуникациски вештини;

            Усогласеност со законската и интерна регулатива и почитување на рокови;

            Способност за тимска работа;

           Оринтираност кон критично размислување и решавање на проблеми.

Доколку сакате да станете дел од нашето Друштво, испратете ни ваше CV и мотивационо писмо на следната е-маил адреса:  [најави се за да го видиш е-маилот] , со назнака “Оглас за вработување на Референт за однос со клиенти“

Со доставувањето на вашата апликација потврдувате дека прифаќате вашата апликација и лични податоци да бидат земени во предвид за идните потреби од нови вработувања на Друштвото. 

Напомена:  Само кандидатите што ќе влезат во потесниот круг ќе бидат повикани на интервју.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »