Бараме викенд негувател за Шепастите!

(преземи го огласот како слика)

Направи разлика!

Стани наш ВИКЕНД негувател и создај незаборавни моменти со Шепастите додека се грижиш за нив во сабота и недела.

Примарни интерперсонални вештини:

1. Високо ниво на емоционална интелигенција
2. Вродена емпатија кон послабите видови
3. Супериорно ниво на почит во меѓучовечките односи со членовите на тимот


Накратко за позицијата:

  • Викенд работа, односно Сабота и Недела.
  • Работното време е околу 5 часа во текот на еден ден и е флексибилно, односно старт  9/10 до 14/15 часот. 
  • Работните обврски се сочинуваат од следниве задачи за околу 35 кучиња распределени во 16 боксови: 
  • Изнесување на кучињата од бокс и чистење на боксовите, каде кучињата ќе имаат доволно време за шетање во двор 
  • Хранење на кучињата во прифатилиштето, додека се надвор.
  • Терапирање (во форма на апчиња, маст, капки) за кучињата за кои тоа е потребно
  • Одржување на хигиена на прифатилиштето и работниот простор.

Ние нудиме:

  • Флексибилни работни саати
  • Работна средина во природа, чист воздух и внатрешен мир поради благородноста на самата работна позиција
  • Аплицирај за да станеш дел од заедницата која неуморно се бори за правата на животните од почетокот на светот, па наваму.

  [најави се за да го видиш е-маилот]

И не заборавај да им кажеш на блиските љубители на животни кои бараат работа за нашиот оглас, може баш оваа позиција е најсоодветна за нивното мирно секојдневие.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »