Продажни асистенти

За компанијата: The HeadHunter Group, е иновативна компанија за вработување и регрутација, со свои канцеларии во Македонија, Албанија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија, Кипар, Грција и САД. Ние нудиме највисок... повеќе за компанијата »

Job Good! Life Good!

The HeadHunter Group, е иновативна компанија за вработување и регрутација, со свои канцеларии во Македонија, Албанија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија, Кипар, Грција и САД. Ние нудиме највисок менталитет во менаџментот на човечки ресурси и нашата основна дејност се кадровски решениа за барателите на работа и работодавачите.

За нашиот клиент мултинационална компанија за облека, H&M, сега бараме Асистенти за продажба за новата продавница во Скопје.

Добредојдовте во H&M!

Работно место каде што можете да бидете свои и многу повеќе!

 

ПРОДАЖНИ АСИСТЕНТИ

Работната позиција на Продажен Асистент е почетната точка во H&M и вашето воведување во брзото темпо на светот на глобалната мода. Оваа работна позиција може да биде забавна и шанса за учење и растење, или почеток на доживотна кариера во модната индустрија.

Како продажен асистент, ќе ги совладате основите на водење продавница, ќе се придружите на талентиран тим од нови пријатели - и што е најважно - ќе научите како да ги направите нашите клиенти да се чувствуваат добредојдени, среќни и инспирирани.

Бидете свои и повеќе во H&M!

 

Кои се вашите работни задачи:

  • Да им понудите на клиентите високо ниво на услуга во продавницата
  • Да ги користите знаењата за производите и модата за да го инспирирате клиентот со нудење предлози за купување, промовирање кампањи, понуди, активности и иницијативи на компанијата (т.е. напори за одржливост, собирање облека)
  • Да ги процесирате испораките и надополнувањето навреме
  • Да ја дополните и продавате најновата облека
  • Да ги следите процедурите и најдобрите практики на компанијата
  • Активно учество во подготовката и спроведувањето на сите комерцијални акции
  • Активно поддржување на колегите преку тимска работа
  • Работа во согласност со стандардите на H&M и локалните регулативи, со рутини за здравје и безбедност, за да ви гарантираме вам, на вашите колеги и на клиентите безбедност во секое време

Исто како и сите во H&M, веруваме дека имате претприемачки дух, сте одличен комуникатор, амбициозен и тимски играч, отворен за предизвици со силен внатрешен мотив и позитивен став.

Вашите компетенции вклучуваат:

  • Фокусирани на клиентите, препознавајќи ги можностите за продажба
  • Свесни за актуелните модни трендови за да ги предвидат потребите на клиентите
  • Способност да се запазат роковите и да се работи во брзо опкружување
  • Самомотивирани и позитивни
  • Тимски играч
  • Отворен ум, флексибилен и приспособлив на промени.
  • Подготвени постојано да учите и да се развивате

Плата : Компетитивна

Звучи интересно? Еве ја вашата шанса за кариера со бескрајни можности!

Дополнителни информации

H&M е посветена да создаде разновидна и инклузивна средина и активно бараме кандидати без разлика на раса, пол, родов идентитет, сексуална ориентација, етничка припадност, религија, национално потекло, попреченост или возраст.

Нудиме улога во која секој ден е возбудлив предизвик, можност за работа со неверојатен тим и каде само вие ги поставувате границите на вашите можности за кариера!

Во H&M, вашиот личен раст и развој е исто толку важен колку и нашиот бизнис.

 

Заинтересираните кандидати ги покануваме да аплицираат! Доколку имате прашања поврзани со апликациите, контактирајте ја Ѓ-ѓа Јулијана Миновска на +389 71 370 151 (Понеделник-Петок) или пратете мејл на [најави се за да го видиш е-маилот]


Пробајте го Хедхантер за вашиот успех!
Доверете ја вашата кариера на ВИСТИНСКИТЕ професионалци!
Ве молиме бидете информирани дека само кандидатите селектирани за интервју ќе бидат контактирани. При аплицирање напомнете ја позицијата за која аплицирате

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »