Специјалист за човечки ресурси

За компанијата: Предизвиците во областа на човечките ресурси не се само наша секојдневна работа, туку се и наша страст. Нашето знаење и експертиза ни дозволуваат да имаме уникатен пристап кон секоја задача. Нашите клиенти... повеќе за компанијата »

ОПИС НА КОМПАНИЈАТА

Во име на Наш клиент интернационална компанија во доменот на  угостителство, ДЕКРА ја огласува позицијата:

  • СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО

  • Активно следење на законската регулатива;
  • Подготовка, развој и имплементација на политики за човечките ресурси;
  • Подготовка на договори и други акти од областа на човечките ресурси;
  • Kоординирање, организирање и водење на процесот на регрутација и селекција;
  • Пријава и одјава на вработените;
  • Воведување на нови вработени во процесот на работа;
  • Водење евиденција за отсуства на вработените (годишен одмор, боледување и др.);
  • Управување со системот за евиденција на работно време;
  • Изготвување годишен буџет за персоналот во согласност со систематизацијата на компанијата, обезбедување персонал во согласност со предвидениот број;
  • Член е на дисциплинската комисија и учествува во дисциплинските состаноци;
  • Подготовува формулари за мерење на постигнувањата на вработените и го координира процесот на оценување;
  • Организира разни настани поврзани со вработените како и тековни активности за мотивирање на вработените;
  • Изготвува извештаи за потребите на одделот и одделот за финансии;
  • Офицер за заштита на лични податоци (водење на комплетна документација и евиденција), останати обврски во контекст на правилата и процедурите на компанијата.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ

  • Висока стручна подготовка (Менаџмент на човечки ресурси, Правен факултет, Бизнис администрација или Психологија);
  • Напредно познавање на англиски јазик;
  • Задожително познавање на закони поврзани со одделот.

ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ

  • Способност за работа во тим;
  • Висок степен на одговорност, ефективност и ефикасност;
  • Способност за извршување на работни задачи, врзани со рокови.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Кандидатите своите професионални биографии можат да ги испратат на:  [најави се за да го видиш е-маилот] .
Крајниот рок за аплицирање е најдоцна до: 16/12/2019
Само кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените критериуми, ќе бидат повикани на интервју.
Сите пристигнати биографии, ќе се третираат со максимална доверливост.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »