СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

  • Објавен на 3.2023
  • Wabtec MZT
  • Активен до 22.03.2023
  • Позиција: HR (човечки ресурси)
  • Локација: Скопје
  • Телефон: 02/2581-392
  • Веб: www.wabtec.com

Активни огласи од Wabtec MZT:

МАГАЦИОНЕР

Вабтек МЗТ АД Скопје, дел од интернационалната Wabtec Corporation и лидер во производството на сопирачки системи за железнички возила, поради проширување на својот тим во секторот Човечки ресурси има потреба од:

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

За позицијата:

Спроведува активности на управување на човекови ресурси, како што се координација, планирање и следење на тренинизи, обука и развој на вработените, мерење на учинокот, персонална евиденција, регрутација.

 

Главни одговорности:

  • Врши прибирање, анализа, евиденција и обработка на записи поврзани со:
    • редовноста на вработените – присуства, платени и неплатени отсуства
    • основни податоци за вработените и податоци за нивното вработување
    • оценка на учинокот на вработените (евалуација)
    • обуки, сертификации, квалификации
  • Учествува во креирањето и спроведувањето на активности поврзани со регрутација и селекција, onboarding процеси, развој на персоналот, распоред на работно време и др.
  • Планира и организира тренинзи и обука, целосна координација и евиденција околу истото, води евиденција и изготвува извештаи за планираното наспроти оствареното.
  • Изготвува административни извештаи за потребите на сите сектори (отсуства, прекувремена работа, број на вработени, персонални трошоци и сл.)
  • Учествува во креирањето, одржува и одговара за точноста на персоналните податоци во LMS системот (и сите ситеми на корпоративно ниво согласно потребите)
  • Врши постојана координација и проверка на задолжителни обуки и прегледи за нововработени
  • Комуницира со вработените, ги идентификува нивните проблеми и дава поддршка во решавањето и развојот
  • Учествува во аудити, имплементација и координиација на ISO, IRIS стандардизација
  • Координира, планира и спроведува активности поврзани со обезбедување на лична заштитна опрема

Потребни квалификации:

Дипломиран економист, правник, психолог или сродно образование од областа на човечки ресурси.

Познавање на Англиски јазик – задолжително.

Работно искуство 3 години, познавање на HR софтвер

Нудиме:

  • Компетитивни редовни месечни примања во зависност од знаењата и искуството
  • Платени сите задолжителни додатоци и надоместоци според закон
  • Oбуки, бонус програми и можност за личен професионален развој
  • Работно искуство во динамична интернационална бизнис средина
  • Пријатна и безбедна работна средина

Вашето CV испратете го на следната е-маил адреса: [најави се за да го видиш е-маилот]

Контакт телефон за повеќе информации: 02/2581-362

*Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани за интервју. 

**Со поднесување на Вашата апликација за вработување (CV), потврдувате дека сте согласни Вашите лични податоци да бидат чувани во база и обработувани за намена за сегашно или идно вработување од страна на ВАБТЕК МЗТ АД Скопје или од трето лице ангажирано за таа цел согласно Закон. Доколку не сте согласни, Ве молиме тоа да го наведете во апликацијата.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »