МРЕЖЕН И СИСТЕМ АДМИНИСТРАТОР

  • Објавен на 5.2018
  • ДЕЛТА БЕТ
  • Активен до 27.05.2018
  • Позиција: Останато
  • Локација: Скопје
  • Телефон: 02/3296-155

 

Компанијата Моззарт работи  на пазарот на игри на среќа од 2001 година, како една од водечките компании во регионот на Источна Европа. Нашата основна дејност е организирање на спортско обложување, изработка на квоти и производство на придружен софтвер за поддршка, а наш најголеми капитал се луѓето. Во овој момент, компанијата Моззарт има околу 4.000 вработени и околу 900 канцеларии ширум регионот. Во Македонија, компанијата работи од 2008 година, има околу 400 вработени и 107 уплатни места.

 

 

                                         За нашето седиште во Скопје, потребен ни е

                              МРЕЖЕН И СИСТЕМ АДМИНИСТРАТОР

 

 

Основни должности:

 

  1.  Инсталација и конфигурација на постоечките и нови хардверски инфраструктури (сервери, рутери, свичеви) во согласност со проектно-оперативните задачи
  2. Секојдневно следење на системот, проверка на достапноста на сите хардверски ресурси и сервиси, инспекција на системските и апликативни логови, проверка и бекап
  3. Редовно следење на безбедноста заради идентификување на евентуални слабости
  4. Брза и ефикасна комуникација со корисниците и другите членови на интерните тимови
  5. Водење сметка за перформансите на системот и нивно прилагодување
  6. Решавање на мрежните проблеми и прекини
  7. Имплементација на нови технологии

 

 

 

 

 

Услови за засновање на работното место:

 

  1. Минимум средно техничко образование
  2. Најмалку 1 година работно искуство на позиција на мрежен и систем администратор или друга ИТ позиција
  3. Напредно познавање на мрежи и мрежни протоколи, структурно каблирање, сертификат CCNA ќе се смета за предност
  4. Искуство во работата со мрежна опрема од еден или повеќе од наведените производители MikroTik, Cisco, Juniper
  5. Познавање на оперативните системи Linux/Windows, релевантен сертификат ќе се смета за предност
  6. Познавање на технологијата на виртуелни инфраструктури (Vmware)
  7. Основно познавање на бази на податоци Oracle, sql ќе се смета за предност
  8. Самомотивираност, посветеност, одговорност и доверливост, изразени вештини на комуникација, тимско работење и соработка, способност за решавање на проблеми, стремење кон развој и континуирано учење, независност во работата, способност за работа на повеќе задачи во исто време и под висок притисок.

 

Доколку сакате да бидете дел од тимот на Моззарт, чија примарна цел е да се воспостават и подигнат стандардите во областа на спортското обложување во Македонија и во регионот на Источна Европа, Ве молиме испратете ја својата пријава со работна биографија и мотивациско писмо на следнава е-маил адреса:   [најави се за да го видиш е-маилот] . Во насловот на пораката (subject) наведете ја позицијата за која аплицирате.

Краен рок за поднесување пријави е 27.05.2018 година. Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани. Непотполни пријави нема да бидат земени во предвид.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »