Администратор

Оглас за вработување на Администратор

АКАДЕМИЈА-ЦЕС е компанија која повеќе од 21 година активно работи на развој на човечкиот капитал, прв центар за стручно образование и образование на возрасни во Македонија кој што нуди различен вид на обуки за личен и професионален развој на возрасни лица, доквалификација и преквалификација. Организацијата постои како алка помеѓу потребите на пазарот на трудот и работодавачите од една страна и невработените лицата од друга страна.

Компанијата обавува дејност во следните области:

  • Стручни вештини – занаети и административни курсеви
  • Образование на возрасни/ животна средина и управување со отпад
  • Обуки за вработени во јавна администрација
  • Јазични вештини и преводи
  • Обуки за наставници
  • Консалтинг услуги и работа со проекти (ИПА, Еразмус+)

Бараме администратор кој ќе се приклучи на нашиот тим.

Администраторот ќе биде одговорен за обезбедување поддршка на нашите вработени, помагање во секојдневните канцелариски потреби и управување со општите административни активности на нашата компанија.

Одговорности и задачи:

  • Барање на понуди / испраќање на понуди;
  • Обезбедување на логистичка поддршка за организирање настани;
  • Подготовка и администрација на настани (локација, времетрање, листа на учесници, потребна документација, потребни материјали, потребни ресурси за обука, сертифицирање на учесници);
  • Комуникација со клиенти (нарачатели/ корисници на услуги /обучувачи);
  • Координација на обучувачи и корисници на обуки;
  • Изготвување на договори за ангажирани лица;
  • Обезбедување на документација од реализирани активности;
  • Уредно чување и организирање на документацијата од реализираните активности;
  • Подготовка на информации од реализирани активности за објава на веб и социјални медиуми.

Потребни квалификации и вештини:

  • Минимум завршено средно образование; 
  • Добри комуникациски вештини (деловна комуникација и комуникација со клиенти);
  • Добри организациски вештини за координација на клиенти, логистика и организирање на настани;
  • Способност за уредно и организирано водење и чување на документација:
  • Добро организирање, управување со времето, вештини за планирање и приоритизација;
  • Основно познавање на работа со компјутери: MS Office (особено excel табели за евиденција), интернет, управување со електронска пошта; 
  • Способност за индивидуална и тимска работа;
  • Претходно работно искуство во администрација;
  • Искуство со работа и администрација на проекти ќе се смета за предност.

Сите зинтересирани кандидати, може да достават  професионална биографија CV, заедно со мотивациско писмо може да ја достават на следната

e-пошта:  [најави се за да го видиш е-маилот]  со задолжителна назнака:

по Оглас за вработување за Администратор.

Напомена:

  • Работниот однос се заснова на определено време од 3 месеци. Доколку кандидатите покажат висок професионален капацитет, следува склучување на редовен договор за врaботување.
  • Само кандидатите кои најдобро ќе ги исполнат условите ќе бидат поканети на интервју за вработување.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »