Референт за логистика

За компанијата: Предизвиците во областа на човечките ресурси не се само наша секојдневна работа, туку се и наша страст. Нашето знаење и експертиза ни дозволуваат да имаме уникатен пристап кон секоја задача. Нашите клиенти... повеќе за компанијата »

Eуроимпекс ДОО е првата приватна компанија од автомобилска индустрија, основана 1990 година на Македонскиот пазар. За овие 30 години успешно стопанисување, остваривме одличен развој благодарејќи на компаниската стратегија и на нашиот тим. Денес, сме компанија со 80 вработени лица, застапуваме 10 бренда, од кој за брендот Peugeot сме Генерални застапници на 5 пазари: С.Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија.  Од неодамна и бендот Opel го застапуваме на регионалниот пазар покривајќи ги териториите на С.Македонија Србија, Црна Гора, Косово и Албанија.

Во тек е процес на формирање на тимот за брендот Opel и отворен è оглас за:

  • РЕФЕРЕНТ ЗА ЛОГИСТИКА

ОПИС НА РАБОТНО МЕСТО

  • Подготовка и реализација на транспорт на возила;
  • Складирање на возилата во царински склад, согласно процедурите на Царинска Управа на Република С. Македонија;
  • Целосно водење на царинската постапка сè до моментот на испорака на возила;
  • Прибирање на потребна документација за хомологирање на нови возила;
  • Организирање на процедурата за хомологирање на нови возила;
  • Комуникација со дилерска мрежа, партнери, коминтенти;
  • Фактурирање на возила.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ

  • ВСС или ССС;
  • Работно искуство во шпедитерско и царинско работење минимум 3 години;
  • Одлично познавање на англиски јазик;
  • Напредно познавање на MS Office, способност за учење/адаптација за користење на софтвери на принципалот;
  • Познавање на царинските системи.

ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ

  • Комуникациски, организациски вештини и способност за ефикасно менаџирање на време;
  • Прецизност, работа со строго утврдени крајни рокови;
  • Превземање на одговорност, посветеност, индивидуален и тимски играч;
  • Возачка дозвола Б категорија.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Доколку имате желба да бидете дел од успешен тим и да ги остварите своите амбиции и визијата за својот личен успех, Вашето CV доставете го на  [најави се за да го видиш е-маилот]

Крајниот рок за аплицирање е : 31/12/2020

Кандидатите со работно искуство во автомобилската индустрија, на иста или слична позиција, ќе имаат предност.
Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.

*Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.

Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »