Проектант - Градежен инженер

Друштвото за Дистрибуција на топлина Балкан Енерџи ДООЕЛ- Скопје поседува лиценца за дистрибуција на топлинска енергија  и има потреба од вработување на 1 (едно) лице, динамично и мотивирано да работи во мултидисциплинарна и мултинационална работна средина за пополнување на позицијата:

Проектант – Градежен инженер

Со задачи, да врши изработка на градежниот дел од проектот,пресметка,цртање,предмер и спецификација на приклучна секундарна и магистрална топлификациона мрежа до комплетно оформеност на проектот. Одговорен е за дефинирање на нивелети како и за статичките и јакосни пресметки за градежниот дел на проектите.Врши контрола на геодетскиот премер на предвидената идејна траса, учествува или ги координира овие активности. Врши контрола на  извршената предмер пресметка за предвидената градежна траса или учествува во истата. Одговорен е за подготовка на документацијата за добивање на градежна дозвола за изведба на проектот чиј инвеститор е Друштвото .

 

Критериуми за избор:

  • Степен на образование 7,1 ВСС – Градежен факултет
  • Вработување на определено време од 6 месеци- замена на работник на породилно отсуство со можност за продолжување  
  • Работно искуство минимум 1 (една ) година
  • Возачка дозвола ,,Б,, категорија
  • Овластување за проектирање на градби
  • Работно време 40 часови неделно
  • Работникот ќе работи 08:00-16:00
  • Основна плата: 32  000
  • Избор по пат на тестирање

 

Заинтересираните кандидати можат да се пријават со доставување на писмо за интерес и биографија, а во предвид ќе бидат земени сите пријави со биографии доставени само на начин:

Електронски:

Message to:          [најави се за да го видиш е-маилот]

Subject:                 Пријава: За работно место  ,,Проектант – Градежен инженер,,

По пошта:

Дистрибуција на топлина Балкан Енерџи ДООЕЛ- Скопје,

Ул. „Лондонска“ бр. 8   , 1000 Скопје

Пријава: за работно место ,,Проектант – Градежен инженер,,

 

Рокот за пријавување е 5  дена од денот на објавување.Изборот на кандидатите ќе биде извршен во законски определениот рок: до 200 кандидати - 45  дена, до 500 – 90 дена и над 500 – 120 дена, по изминување на рокот за пријава. Сите пријави кои ќе пристигнат по наведениот рок  нема да бидат земени во предвид. Лице за контакт: Јагода Петрова, тел. 02/5514026.

 

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »