СТРУЧНИ СОРАБОТНИЦИ ЗА ПРОДАЖБА

За компанијата: Предизвиците во областа на човечките ресурси не се само наша секојдневна работа, туку се и наша страст. Нашето знаење и експертиза ни дозволуваат да имаме уникатен пристап кон секоја задача. Нашите клиенти... повеќе за компанијата »

КБ Прво пензиско друштво АД Скопје – лидер на пазарот на пензиското осигурување во Република Северна Македонија, препознатливо по своите етички принципи, висока стручност, професионалност и транспарентност во работењето, има потреба од вработување на стручни соработници за продажба на цела територија на Република Северна Македонија.

Опис на работните обврски:

  • Продажба и маркетинг на задолжително и доброволно пензиско осигурување и претставување на задолжителното и доброволното пензиско осигурување и на Друштвото;
  • Подготовка на документација за презентација на доброволното пензиско осигурување во компаниите;
  • Контактирање потенцијални клиенти и закажување состаноци;
  • Склучување договори за членство, професионални пензиски шеми и договори за испплата на средства;
  • Подготовка, организација и реализација на промотивни активности;
  • Известување на претпоставениот за сите продажни активности.

Потребни квалификации:

  • Завршено минимум средно образование;
  • Да поседува возачка дозвола Б категорија.

За вршење работи од областа на маркетинг за пензиските фондови, потребна е лиценца којашто ја издава Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС, за што кандидатите треба да полагаат испит за агент за вршење на работи на маркетинг и продажба на задолжително и доброволно капитално пензиско осигурување. Кандидатите кои ќе бидат избрани, Друштвото дополнително ќе ги информира за начинот и условите за полагање на испит за агент и стекнување на лиценца.

Друштвото нуди почетна нето плата од 25.000 денари + варијабилен дел, со полно работно време од 40 часа неделно. Секој работен ден од понеделник до петок, динамична работа, можност за личен и професионален напредок.

Доколку сакате да бидете дел од КБ Прво пензиско друштво, пратете ја Вашата лична биографија на:  [најави се за да го видиш е-маилот] , најдоцна до 11.07.2019 година. Само оние кандидати кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат повикани на интервју. Друштвото го задржува правото да не ангажира ниту еден кандидат од пријавените на конкурсот.

За допочнителни прашања, можете да стапите во директен контакт со КБ Прво пензиско друштво:  [најави се за да го видиш е-маилот]  или на тел. 02/32 43 776.

Лице за контакт Стела Бојаџиев.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »