Заменик-генерален директор

За компанијата: Монета Финанциал Сервицес ДООЕЛ Скопје е небанкарска финансиска институција (НБФИ) и е водечка компанија во Северна Македонија, специјализирана за обезбедување финансиски услуги за брз трансфер на пари. Лиценцирано... повеќе за компанијата »

 

Друштвото за услуги МОНЕТА ФИНАНЦИАЛ СЕРВИЦЕС ДООЕЛ, Скопје, со седиште на Бул.Крсте Мисирков бр.76 Скопје-Центар пoштенски факс бр.915, кој е Давател на услугата Брз Трансфер на Пари- MoneyGram, Лиценцирана од страна на НБРМ, oбјавува :

 

ОГЛАС

за Заменик-генерален директор

                                                  

 

Работни задачи и одговорности:

 

  • Соработува со генералниот директор со цел развивање и спроведување на долгорочен стратешки план;
  • Идентификува, предлага и развива нови производи;
  • Промовирање на услугите кои се нудат од страна на институцијата;
  • Одговорен за развој и управување со мрежата на субагенти;
  • Преговарање за разни проекти;
  • Го советува генералниот директор за специфични проекти;
  • Поддршка на генералниот директор во подготовка на различни извештаи;
  • Организирање и надзор на работата на сите одделенија;
  • Надзор на тековно имплементирање на интерните политики и процедури;
  • Предлага унапредување на постојните процеси;
  • Го заменува генералниот директор во негово отсуство;
  • Врши и други функции во согласност со закон, статут и други општи акти.

 

Потребни квалификации :

 

  • Завршено високо образование на некој од факултетите за менаџмент или слична релевантна област;
  • Пожелни се постдипломски квалификации;
  • Над 3 години работно искуство со управување;
  • Добро познавање на македонскиот пазар;
  • Одлични комуникациски вештини на македонски, англиски;
  • Познавање на албанскиот јазик ќе биде предност.

 

Заинтересираните кандидати своето CV со фотографија не постара од 6 (шест) месеци заедно со мотивационо писмо да го испратат на e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот] , или на адреса: Бул.Крсте Мисирков бр.76, Поштенски фах бр.915 со назнака “Оглас за заменик генерален  директор”.

Напомена:

Огласот важи од 15.05.2018 година до 25.05.2018 година, апликациите пратени со задоцнување нема да се земат во предвид. Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »