Комерцијалист

Врз основа на член 22 и 23 од Закон за работните односи, Друштво за производство, трговија и услуги КОЛА ДООЕЛ увоз-извоз Скопје со седиште на ул.,,Качанички пат,, бр.254, Визбегово, тел:02 2656-770, објавува оглас за вработување за работно место:

 

Комерцијалист - 1 (еден) извршител

на определено време од 6 (шест) месеци со можност за продолжување

 

 за реон Прилеп, Битола

 

      Услови за вршење на работата:

  • ССС
  • Работно искуство минимум 1(една) година во областа  
  • Возачка дозвола Б категорија   

  

      Краток опис на работните обврски:

  • Одговрен за продажба на производите на купувачите во реонот за кои е одговорен;
  • Редовна посета на купувачите;
  • Одговрен за имплементација на договорените активности кај  купувачите;

 

Потребни вештини:

  • Високо развиени комуникациски способности
  • Високо развиени преговарачки вештини
  • Способност за индивидуална и тимска работа

 

Работната недела трае 5 работни дена, односно 40 часа неделно, од понеделник до петок. Од понеделник до петок работното време започнува во 08:00 часот а завршува во 16:00 часот. Основната нето плата изнесува 16.000,00 денари плус дел од плата за работна успешност.

 

Сите заинтересирани кандидати да испратат кратка биографија (CV) на е-маил [најави се за да го видиш е-маилот] или на ул.Качанички пат бр.254 Скопје во рок од 5 работни дена 11.09.2019 година до 16.09.2019 година со назнака Комерцијалист.

 

Изборот за соодветен кандидат ќе се врши во рок од:

Доколку се пријавиле до 200 кандидати за работното место изборот се врши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати изборот се врши во рок од 90 дена и над 500 кандидати изборот се врши во рок од 120 дена, по истекот на рокот за пријавување.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани.

 

                                                                                                                Лице за контакт :

                                                                                                                Маја Смилевска

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »