МРЕЖЕН/СИСТЕМ АДМИНИСТРАТОР

  • Објавен на 5.2018
  • ДЕЛТА БЕТ
  • Активен до 24.05.2018
  • Позиција: Останато
  • Локација: Скопје
  • Телефон: 02/3296-155

 

Компанијата Моззарт работи  на пазарот на игри на среќа од 2001 година, како една од водечките компании во регионот на Источна Европа. Нашата основна дејност е организирање на спортско обложување, изработка на квоти и производство на придружен софтвер за поддршка, а наш најголеми капитал се луѓето. Во овој момент, компанијата Моззарт има околу 4.000 вработени и околу 900 канцеларии ширум регионот. Во Македонија, компанијата работи од 2008 година, има околу 400 вработени и 107 уплатни места.

 

 

                                                За нашето седиште во Скопје, потребен ни е

                                      МРЕЖЕН/СИСТЕМ АДМИНИСТРАТОР

 

 

Основни должности:

 

  1.  Независно обезбедување на help-desk и техничка поддршка на корисниците
  2. Мониторинг за да се обезбеди достапност на мрежата за сите корисници на системот
  3. Анализа и решавање на проблеми кои се поврзани со крајните корисници и системот, со алатки на далечина или директно на оддалечени локации,
  4. Решавање на проблеми по пријава од корисници или по пријава од автоматскиот систем за мониторинг
  5. Извршување на потребните надградби и поправки на мрежниот и компјутерскиот хардвер и софтвер
  6. Одржување на безбедноста на мрежниот и компјутерскиот систем и проверка дали сите системи функционираат правилно
  7. Инсталација и конфигурација на мрежниот и компјутерскиот хардвер и софтвер
  8. Инсталација и поставување на компјутерски и мрежен хардвер во подружниците на компанијата
  9. Креирање на нови корисници во системот и доделување и ажурирање на безбедносен пристап на системот
  10. Обука на останати корисници за правилна употреба на хардверот и софтверот
  11. Управување и подршка на компаниската инфраструктура

Услови за засновање на работното место:

 

  1. Минимум средно техничко образование
  2. Високо техничко образование или образование од други сродни ИТ области ќе се смета за предност
  3. Најмалку 1 година работно искуство на позиција на мрежен/систем администратор или друга ИТ позиција
  4. Искуство во дизајнирање и изработка на компјутерски (LAN) мрежи
  5. Познавање и искуство во работа на одржување и сервисирање на компјутерски хардвер (cpu, hdd, motherboard и слично.)
  6. Одлично познавање на оперативниот систем Windows  (Win 7-8, 10)
  7. Искуство во обезбедување на техничка поддршка, сервисирање на ИТ опрема од далечина или директно на самата локација
  8. Познавање на мрежни (TCP/IP) протоколи
  9. Познавање на мрежни технологии и мрежни уреди - router, switch,firewall
  10. Искуство во управувањето со мрежна опрема (Cisco, Juniper, Mikrotik) ќе се смета за предност
  11. Познавањето на Linux и Windows сервер околини ќе се смета за предност
  12. Работно искуство со виртуелизација (Vmwareesxi) на околина, ќе се смета за предност
  13. Поседувањето на ИТ сертификати (Cisco, Microsoft, Juniper) ќе се смета за предност
  14. Искуството во работата со бренд-сервери (HP, IBM, DELL) ќе се смета за предност
  15. Спремност за сменска работа
  16. Самомотивираност, посветеност, одговорност и доверливост, изразени вештини на комуникација, тимско работење и соработка, способност за решавање на проблеми, стремење кон развој и континуирано учење, независност во работата, способност за работа на повеќе задачи во исто време и под висок притисок.

 

Доколку сакате да бидете дел од тимот на Моззарт, чија примарна цел е да се воспостават и подигнат стандардите во областа на спортското обложување во Македонија и во регионот на Источна Европа, Ве молиме испратете ја својата пријава со работна биографија и мотивациско писмо на следнава е-маил адреса:   [најави се за да го видиш е-маилот] . Во насловот на пораката (subject) наведете ја позицијата за која аплицирате.

Краен рок за поднесување пријави е 24.05.2018 година. Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани. Непотполни пријави нема да бидат земени во предвид.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »