Офис Aсистент

За компанијата: Предизвиците во областа на човечките ресурси не се само наша секојдневна работа, туку се и наша страст. Нашето знаење и експертиза ни дозволуваат да имаме уникатен пристап кон секоја задача. Нашите клиенти... повеќе за компанијата »

Инбох ДООЕЛ Скопје, е компанија со специјализирана дејност за управување со документи и информации во име и за сметка на најголемите брендови во државата. Инбох е иновативна компанија која ги поместува стандардите за ефикасност во административно работење како во физичко така и во сверата на Е-архивирање и дигитализација на документи и работни процеси.  За остварување на своите административни задачи, ИНБОХ има  потреба и нуди вработување на енергичнa и проактивнa личност за следнава работна позиција:

                                                                               Офис Aсистент

Избраниот кандидат ќе биде задолжен за:

  • прием, распоредување и архивско евидентирање на сите интерни документи и документи пристигнати од клиенти
  • евиденција за пристигната и испратена пошта и скенирање на целата документација
  • Пречек на странки, евиденција на влез и излез
  • Набавки за потребите за канцелариите
  • Координација на интерни и екстерни состаноци
  • Останата административна поддршка

Кандидатот треба да поседува:

  • Средно или високо образование
  • Работно искуство на слична позиција ќе се смета за предност
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Работно користење на компјутер – MS office ( word, excel )
  • Одлични комуникациски и интерперсонални вештини
  • Професионален пристап кон работните обврски
  • Комуникативност, организираност и позитивен став

Што нудиме:

  • Работно време од 08:00 до 16:00 од понеделник до петок
  • Два дополнителни бонус слободни денови во годината
  • Организиран превоз

Вашата професионална биографија и мотивациско писмо испратете ги на  [најави се за да го видиш е-маилот] , најдоцна до 07.06.2024 година, со назнака: “Офис асистент”.

Сите апликации ќе бидат третирани со строга доверливост. Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју.

Согласно Законот за заштита на лични податоци Ве молиме во Вашата порака да наведете дали прифаќате Вашите податоци да се чуваат во базата на Инбох за идни вработувања. Доколку нема никаква напомена, податоците ќе бидат уништени.

 

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »