Менаџер за човечки ресурси

За компанијата: Најголемиот принт центар во Македонија, Polyesterday, со брзо темпо го продолжува својот раст. Тимот од стручни, посветени и способни кадри се клуч на нашето успешно работење и достигнување. повеќе за компанијата »

POLYESTERDAY е водечки центар за дигитално печатење во Македонија, кој во моментов има повеќе од 150 вработени лица и со брзо темпо го продолжува својот раст.

Ние ги сметаме своите човечки ресурси за клучен фактор за нашиот брз и одржлив развој.

Со цел за дополнително унапредување на овој сегмент од нашата организација, распишуваме оглас за 1 (едно) слободно работно место “МЕНАЏЕР ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ“.

Искористете ја можноста да бидете дел од нашиот тим, во кој Вашето залагање и Вашите вештини ќе допринесат за развој на Вашата кариера.

                                                              

Опис на работното место:

  • Раководење и организација на процесите од областа на човечките ресурси
  • Изработка на стратегија за управување со човечки ресурси во рамките на компанијата;
  • Активна поддршка на целокупната проблематика поврзана со човечките ресурси во компанијата
  • Интерна комуникација со раководителите на сите сектори / оддели на компанијата
  • Анализирање на применливите KPI и предлагање опции за подобрување на работните процеси (методи на KPI регрутирање, LE, PL, multisource feedback, upward feedback и слично)
  • Спроведување на потребните промени во однос на законската регулатива
  • Спроведување на постапките за регрутирање, вработување, намалување број на вработени во согласност со законската регулатива и утврдените стратегии
  • Соработка со надлежни институции во проекти за подобрување на работните процеси и поттикнување на вработувањата
  • Раководење со процедурите за односи со вработените
  • Имплементирање на интерните политики за вработување, поддршка во интеграцијата на новите вработени во организацијата
  • Предлагање мерки за подобрување врз основа на истражувањето за задоволството кај вработените и дефинирање на стратегии со менаџментот
  • Анализирање на потребите од обука и соработка со менаџментот со цел да се обезбеди адекватен развој, како и Succession planning според потребите на компанијата
  • Организирање на интерни обуки и обуки од надворешни соработници
  • Развој и имплементирање на план за надоместоци и наградување на вработените
  • Подготвување на Headcount и OPEX буџет

 

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • Претходно работно искуство најмалку 3 години на позиција Менаџер за човечки ресурси или слична раководна позиција поврзана со описот на работното место
  • Завршено високо образовани од областа на човечки ресурси, бизнис администрација, економија, право или слични општествени науки
  • Одлично познавање на англискиот јазик
  • Одлично познавање на MS Office
  • Одлични комуникациски вештини

 

Заинтересираните кандидати можат да достават кратка биографија (CV) на email адресата: admin@polyesterday.com.mk и [најави се за да го видиш е-маилот]

Избраните кандидати ќе бидат поканети на интервју заради непосредно утврдување на способноста на кандидатите.

Телефон: 02 321 77 00
Веб сајт: www.polyesterday.com.mk

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »