Оператор на машина за печатење (флексо и бакро техника) во Хрватска

За компанијата: Предизвиците во областа на човечките ресурси не се само наша секојдневна работа, туку се и наша страст. Нашето знаење и експертиза ни дозволуваат да имаме уникатен пристап кон секоја задача. Нашите клиенти... повеќе за компанијата »

Во име на својот клиент, еден од водечките производители на флексибилна амбалажа во Хрватска, ДЕКРА ја објавува позицијата:

  • Оператор на машина за печатење ( флексо и бакро техника) во Хрватска

ОПИС НА РАБОТНИ ЗАДАЧИ

  • Подготовка и одржување на работното место пред и по печатењето;
  • Проверка на техничката исправност на машината;
  • Сетирање на машината согласно работниот налог;
  • Реализирање на печатење на различни техники;
  • Контрола на квалитет во согласност со стандардите и нормативите;
  • Самостојна работа со спектрометар и дензитометар.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ

  • Работно искуство во областа;
  • Познавање на различни типови на хартии и картони, нивна спецификација, грамажа и формати;
  • Разликување на различни облици на печатарски форми и процес на нивна

изработка;

  • Идентификација на различни типови на грешки при печатењето.

ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ

  • Прецизност и ориентираност кон детали;
  • Мотивираност и подготвеност за живеење во странство;
  • Способност за тимска работа.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Работното време е во смени ( 06:00-14:00, 14:00-22:00, 22:00-06:00). Сметувањето е обезбедено од страна на клиентот.

Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови,  своите професионални биографии можат да ги проследат на:  [најави се за да го видиш е-маилот]  .

Крајниот рок за аплицирање е најдоцна до: 24/12/2021.

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.

*Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.
Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта:  [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »