Соработник за правни работи

За компанијата: Македонијалек е првата приватна веледрогерија во Македонија. Развојниот пат на Македонијалек датира од 1978 година, а со постојната структура и сопственост на капиталот претпријатието функционира од 1991 година. повеќе за компанијата »

МАКЕДОНИЈАЛЕК Скопје e компанија која повеќе од 40 години претставува синоним за квалитет, традиција и успех во фармацевтскиот бизнис.

Постојаниот развој на компанијата наметнува потреба за засилување на тимот во Одделение за правни работи, и во таа насока имаме потреба од вработување на:

Соработник за правни работи

Број на работни места: 1

Потребни квалификации:
- ВСП- Правен факултет

- Положен правосуден испит

- Aнглиски јазик (активна пишана и говорна комуникација)

- Напредна работа со Office пакети

- Работно искуство минимум 5 години

- Работно искуство со деловно и трговско право

- Работно искуство во застапување на судски постапки за компанијата

- Работно искуство со интернационално право-ќе се смета за предност

- Возачка дозвола Б категорија-активен возач

Главни задачи и одговорности:

  • Одговорен за следење и проучување на сите законски промени од интерес за компанијата и нивно имплементирање во интерните акти на компанијата

  • Одговорен за изработување на сите правни акти кои се носат на ниво на компанијата (одлуки, потврди, правилници, решенија, договори, спогодби)

  • Одговорен за изготвување, прибавување и доставување соодветна документација од и до државните институции согласно законски одредби

  • Застапување на интересите на компанијата

  • Одговорен за следење и ажурирање на статусот на судските спорови на компанијата

  • Обезбедување помош и препораки од правен аспект на другите структурни единици во компанијата

Потребен е профил на личност која покрај стручното знаење има

- високо развиени комуникациски и организациски вештини

- способност за работа со рокови

- високо развиено чувство за одговорност и дискреција,

Личност која знае да размислува проактивно, поседува иницијативност и со своето работење придонесува за развојот на компанијата.
Македонијалек нуди можност за одлични услови за работа и пријатна работна атмосфера.

Сите заинтересирани кандидати своето CV може да го достават на [најави се за да го видиш е-маилот]

Само кандидатите кои ги исполнуваат условите и ќе влезат во потесниот избор ќе бидат контактирани.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »