ФАРМАЦЕВТ И ФАРМАЦЕВТСКИ ТЕХНИЧАР - КУМАНОВО

  • Објавен пред една недела
  • ZEGIN DOO Skopje
  • Активен до 16.11.2018
  • Позиција: Останато
  • Локација: Куманово

ЗЕГИН ДОО е првата приватна  компанија во Република Македонија регистрирана за продажба  на лекови. Како една од најуспешните и најголемите компании кај нас, со најдобра инфраструктура и најголема  дистрибутивна мрежа, секогаш сме во потрага по талентирани професионалци кои сакаат да станат дел од нашето професионално семејство.

Поради проширување на својот тим, имаме потреба од:


 Дипломиран фармацевт / Фармацевтски техничар /Асистент за продажба – за Куманово

 Потребни квалификации:

  • ВСС - Фармацевт

  • ССС – Фармацевтски техничар

  • ССС – Асистент за продажба

  • Претходно работно искуство во аптека ќе се смета како предност

  • Работа со компјутери и одлично познавање на MS Office

    Посакувани карактеристики:

  • Способност за брзо учење,

  • Развиени комуникациски вештини,

  • Стручност и елоквентост,

  • Диманичност и креативност,

  • Организираност, самоиницијативност.

    Што нудиме:

  • Високи месечни примања + бонуси во согласност со постигнатите резултати.

  • Можност за професионален развој и надоградба,

    Доколку  сте енергични, храбри и полни со ентузијазам за личен развој и напредување, како и професионални компетенции за успешно да работите во областите наведени погоре, Ве молиме испратете пропратно писмо и биографија на македонски јазик со ознака Дипломиран фармацевт или Фармацевтски техничар  на kariera@zegin.com.mk. Само кандидатите кои во целост ги исполнуваат критериумите ќе бидат контактирани.

КЛИКНИ