ИТ Специјалист

За компанијата: Предизвиците во областа на човечките ресурси не се само наша секојдневна работа, туку се и наша страст. Нашето знаење и експертиза ни дозволуваат да имаме уникатен пристап кон секоја задача. Нашите клиенти... повеќе за компанијата »

Во име на нашиот клиент Сокотаб Битола, дел од групацијата Сокотаб, светски лидер на пазарот за откуп и преработка на ориентален тутун, ДЕКРА ја објавува позицијата:

  • ИТ СПЕЦИЈАЛИСТ

ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО

  • Инсталација, конфигурација и одржување на компонентите на ИТ инфраструктурата;
  • Обезбедување на непрекината работа на ИТ инфраструктурата и системите:
    • Детекција и решавање на дефекти( прва линија на поддршка);
    • Иницирање и следење на корективни активности;
    • Извшување на надградби и инсталации на системите;
  • Евиденција на безбедносните подесувања на сите инфраструктурни компоненти и системи;
  • Креирање и одржување на потребна техничка документација и процедури за хардверот и системите;
  • Техничка поддршка на корисници во филијалата, регионалните канцеларии или ограноци. Водење на корисниците низ процесот на решавање на проблемите и евидентирање на проблемот;
  • Креирање, имплементирање, одржување и активирање на Cloud решенија;
  • Координација на нарачките и одржување на ажурна евиденција на компонентите на ИТ инфтраструктурата ( хардвер, софтвер, мрежни компоненти, резервни делови за компјутери);
  • Следење на корпоративните ИТ планови и поголеми иницијативи, соработка со други филијали;
  • Соработка и надгледување на надворешните консултанти инволвирани во внатрешните ИТ проекти;
  • Евиденција за конфигурациите и активностите за решавање на проблеми во врска со основниот сервис на ИТ инфраструктурата;

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ

  • ВСС- Факултет за информатички технологии или слична дисциплина;
  • 3-5 години работно искуство на иста или слична позиција;
  • Одлично познавање на ИТ инфраструктурата, безбедност на системи и back up/ recovery на податоци;
  • Искуство со мрежи (LAN/WAN технологија, компоненти, протоколи) и безбедносни подесувања. Искуство со виртуелна технологија особено со VMWare;
  • Разбирање на Cloud Технологи;
  • Поседување на сертификати за Microsoft, Cisco, ITIL, Azure Cloud услуги или слични технологии ќе се смета за предност.

ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ

  • Аналитичко размислување и решавање на проблеми;
  • Одлични комуникациски способности;
  • Способност за адаптација при промена на технологии;
  • Одлично познавање на англиски јазик.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални  биографии можат да ги испратат на  [најави се за да го видиш е-маилот]  со назнака: ИТ Специјалист.

Крајниот рок за аплицирање е најдоцна до: 18.10.2021.

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.

Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.

Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »