Машински и елктро инженери во развој

За компанијата: БРАКО ДОО се занимава со развој и производство на производи целосно изработени од метал или комбинација на метал и други материјали. повеќе за компанијата »

(преземи го огласот во Word)

ДПТУ Брако ДОО од Велес, 15 години, успешно произведува, производи и машини со висок квалитет. Нашето мото е „Изработено со позитивна енергија – потпис за успех“. Доколку Вие сте инженер, кој се препознава во нашето мото, тогаш аплицирајте за едно од работните место во Одделението за Развој:

  1. Машински инженер од областа на хидраулични системи
  2. Машински инженер од областа на мехатроника и автоматика
  3. Електро инженер од областа на авто-електирка – инсталации и автоматика

Потребно Образование, Вештини и Способности:

Машински инженер:

  • ВСС - Машински факултет;
  • Работно искуство во развој, а кандидатите со искуство со хидраулични системи и  автомобилска индустрија, ќе имаат предност;
  • Познавање на апликативен софтвер за машинство;
  • Познавање на функционирање на механички, хидраулични и пневматски системи кои се употребуваа во возила;
  • Одлично познавање на англиски јазик;
  • Одлично познавање на канцелариски софтвер;
  • Структурален пристап и способност за расудување;
  • Ефективност, ефикасност и одговорност при исполнувањето на обврските;
  • Посветеност, мотивираност, иницијативност;
  • Тимска работа и кооперативност.

Електро инженер:

  • ВСС – електро факултет;
  • Работно искуство во развој, а искуство во автомобилска индустрија, програмирање и поставување на електрична инсталација на моторни возила ќе се смета за предност;
  • Познавање на програмирање на индустриски контролери
  • Познавање на принципи на функционирање на електрични системи кои се употребуваат во возила;
  • Познавање на апликативен софтвер за цртање на шеми од електрика и електроника.
  • Одлично познавање на англиски јазик;
  • Одлично познавање на работа со Канцелариски софтвер;
  • Структурален пристап и способност за расудување;
  • Ефективност, ефикасност и одговорност при исполнувањето на обврските;
  • Посветеност, мотивираност, иницијативност;
  • Тимска работа и кооперативност.

 

Што нуди работното место:

  • Можност за стекнување знаење и искуство, од долгогодишни членови на тимот на БРАКО;
  • Посета на меѓународна обука за дизајн и развој;
  • добар социјален пакет;
  • продолжување по стапките на нашите партнери во задоволување на барањата на купувачите насекаде во светот. 

Сите заинтересирани да испратат CV на следната електронска адреса [најави се за да го видиш е-маилот]  

Ќе бидат контактирани само кандидатите што ќе се изберат за на интервју.

Прашања и повеќе информации на тел. 043 551 107.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »