ДЕЛОВЕН АСИСТЕНТ

  • Објавен пред еден месец
  • Декра
  • Активен до 27.05.2019
  • Позиција: Останато
  • Локација: Скопје

Пазарот за животно осигурување во Македонија официјално започнува да се развива во 2005 година со основање на првата компанија за осигурување на живот во земјава Кроациа Осигурување – Живот АД Скопје. Компанија која низ годините се издвои себе си како ЛИДЕР на пазарот за животно осигурување,  компанија која за македонските граѓани претставува синоним за сигурност и квалитет благодарение на своите вработени и грижата за клиентите.

Во име на својот клиент, Декра ја огласува позицијата:

  • Деловен асистент

Опис на работно место

  • Водење на архивата на друштвото како и познавање на норми за канцелариско работење и Закон за архивска работа;
  • Ги закажува состаноците на Главниот Извршен Директор;
  • Обработува текстови за потребите во рамките на Кабинетот на Главниот Извршен Директор;
  • Прием и испраќање на поштата на Друштвото;
  • Преглед, бележење и разнесување на поштата во организационите делови на Друштвото;
  • Одговара на повици на телефонска централа;
  • Води грижа за потребите на Друштвото од оптимални залихи на канцелариски и други материјали и врши навремено информирање на надлежните за преземање активности за набавка на истите;
  • Води грижа за основните средства на Друштвото и за тековното одржување на деловниот простор и инсталациите во истиот;
  • Работи и работни задачи делегирани од Главниот Извршен Директор;
  • Други работи и работни задачи на работно место на кое лицето не е распоредено, ако за тоа добие налог од непосредниот раководител.

Потребни квалификации

  • ССС или ВСС;
  • Познавање на архивско работење;
  • Одлично познавање на MS Office;
  • Познавање на англиски јазик.

Дополнителни информации

Сите заинтересирани кандидати своите професионални биографии можат да ги достават на следнава е-маил адреса: rabota@dekra.mk, најдоцна до 27.05.2019 год. со назнака на позицијата за која аплицирате.

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.

КЛИКНИ