Видео оператор за мониторинг центар

За компанијата: Компанијата ЕСИ (Employment Services International) е присутна на пазарот од мај 2007, како агенција за услуги кои се однесуваат на човечките ресурси. Наша цел е да понудиме комплетни решенија за раководење... повеќе за компанијата »

ЕСИ (Employment Services International) за потребите на најголемиот снабдувач на горива во земјата ОКТА АД-Скопје, објавува оглас за работна позиција:

 

Видео оператор за мониторинг центар

 

РАБОТНИ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ:

  • Надгледување на видеонадзорот и управување со системите за противпожарна заштита во Мониторинг центарот, како и административните задачи кои произлегуваат од соодветните процедури и работни упатства;
  • Извршување на административни задачи на Главна капија;
  • Извршување на административни и оперативни задачи на Рецепција во Административна зграда.

 

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ, ВЕШТИНИ И СПОСОБНОСТИ:

 

  • ССС; ВСС
  • Задолжително поседување на Лиценца за физичко обезбедување;
  • Претходно работно искуство од 1 година во мониторинг центар;
  • Основно познавање на англиски јазик;
  • Средно познавање на Word, Excel, Outlook, Power point;
  • Активен возач, Б-категорија;
  • Добра психо-физичка подготвеност;
  • Комуникациски вештини, ориентираност кон тимска работа, доверливост, чесност, лојалност, непристрасност, одговорност.

 

НУДИМЕ:

  • Работно време  во смени од 07.00-19.00 часот и од 19.00-07.00 часот;
  • Организирана исхрана и превоз;
  • Обезбедена интерна обука од 15 денови од  страна на работодавачот;
  • Основна нето плата 18.000 денари за период на обавување на пробна работа.
  • Основна нето плата 20.000 денари по успешно завршен период на пробна работа;
  • На основната нето плата се пресметуваат и исплатуваат законски пропишаните додатоци за ноќна работа, работа во државен празник, сменска работа итн.

 

Доколку ги исполнувате наведените критериуми, своите биографии испратете ги на [најави се за да го видиш е-маилот] и наведете ја позицијата за која аплицирате.

 

ЕСИ (Employment Services International)

ул. Костурски херои 62/1,1000 Скопје

T: +389 2 3246-899, Ф: +389 2 3246-897
[најави се за да го видиш е-маилот] , www.esi.mk

 

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »