Стручен соработник за управување со средства

За компанијата: Предизвиците во областа на човечките ресурси не се само наша секојдневна работа, туку се и наша страст. Нашето знаење и експертиза ни дозволуваат да имаме уникатен пристап кон секоја задача. Нашите клиенти... повеќе за компанијата »

Во име на наш клиент, компанија од финансиски сектор, Декра објавува оглас за позицијата:

  • Стручен соработник за управување со средства

Опис на работно место

  • Давање на налози за тргување со хартии од вредност;
  • Следење на тргувањето со хартии од вредност;
  • Следење на цени на финансиски инструменти на дневно ниво;
  • Оперативно извршување на одлуките на Управниот одбор на Друштвото;
  • Работи поврзани со административна подршка на работата во секторотч
  • Анализа на финансиски инструментич
  • Подготовка на материјали за состаноци на органите на управување и надзор на Друштвото;
  • Подготовка на извештаи;
  • Финансиска анализа при вложување на средствата;
  • Подготовка на предлозите за инвестирање;
  • Следење на тргувањето со хартии од вредност;
  • Следење на цени на финансиски инструменти на дневно ниво;
  • Останати работи по налог на претпоставените.

Потребни квалификации:

  • Економски факултет;
  • Задолжителен услов - Положен испит за инвестиционен советник;
  • Пожелно претходно работно искуство во областа на финансиска анализа;
  • Пожелно CFA кандидат.

Професионални знаења и способности:

  • Употреба на соодветни информацииони технологии;
  • Солидно познавање Англиски јазик;
  • Познавање на законодавството во областа на работата, познавање на домашните и странските пазари на капитал;
  • Анализа на пазарите на капитал и одредените хартии од вредност;

Дополнителни информации:

Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите кратки биографии можат да ги испратат на следната e-mail адреса: [најави се за да го видиш е-маилот]

Крајниот рок за аплицирање е најдоцна до 03/08/2018.

Само кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените критериуми, ќе бидат контактирани директно од страна на клиентот.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »