ЕЛЕКТРОТЕХНИЧАР-МОНТЕР

За компанијата: Предизвиците во областа на човечките ресурси не се само наша секојдневна работа, туку се и наша страст. Нашето знаење и експертиза ни дозволуваат да имаме уникатен пристап кон секоја задача. Нашите клиенти... повеќе за компанијата »

Во име на својот клиент, КОНЧАР Енергетски трансформатори д.о.о, една од водечките компании во Европа за производство на енергетски трансформатори, ДЕКРА ја огласува следната работна позиција:

 ЕЛЕКТРОТЕХНИЧАР-МОНТЕР

(Место на извршување на активностите: Загреб, Хрватска)

Опис на работното место:

  • Монтажа и демонтажа на активните делови на трансформаторите;
  • Монтажа и демонтажа на опремата, инсталација и приклучување на трансформаторите;
  • Работа на сигурен начин и по правила за заштита на работа;
  • Работа во тим со искусни монтери.

Квалификации:

  • ССС-технички смер ( предност електротехнички и машински);
  • Организациски вештини;
  • Физичка спремност, брзина и педантност;
  • Искуството ќе се смета за предност;
  • Подготвеност за работа во смени;
  • Подготвеност за релокација во Загреб, Хрватска.

Компанија нуди:

  • Обезбеден  и платен топол оброк;
  • Обезбедено и платено сместување;
  • Платен патниот трошок до Хрватска;
  • Вработување директно кај клиентот после пробниот рок;
  • Унапредување на знаењето и развој на вештини низ различни едукации;
  • Работа во динамична средина, мотивирачки приход и систем на награди според деловните резултати;
  • Тимска работа и одлично работно опкружување.

 ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ:

Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии можат да ги испратат на:  [најави се за да го видиш е-маилот]

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.

*Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.

Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »