Плата од 35.000 ден. до 40.000 ден.
ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје е Друштво за неживотно осигурување кое се стреми кон брз развој и зголемено учество на пазарот на осигурување во Република Северна Македонија. На нашите вработени им нудиме динамична работа со можност за професионален развој и надоградба, како и одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим.
Во согласност со нашата цел и стратегија имаме потреба од мотивирани и талентирани кандидати за вработување на следната работна позиција:
Самостоен референт за маркетинг и ПР
- Изготвува и предложува, активности и проекти за маркетинг и ПР активности на Друштвото;
- Води постојана комуникација и соработка со Агенција за маркетинг со која Друштвото има соработка во врска со доставување на предлог маркетинг активности, кампањи, изготвување на маркетинг промотивни материјали;
- Дава предлози за изготвување на промотивни маркетинг материјали, пропаганден материјал, флаери и други материјални за промовирање на друштвото на потенцијални клиенти;
- Се грижи за промовирање на Друштвото на социјални мрежи, веб сајтови и останати средства за комуникација;
- Предлага соработка со надворешни соработници за развој на маркетингот;
- Предлага идејни и графички решенија и графички подготовки за печатење на пропагандни материјали (флаери, брошури, каталози, постери и сл);
- Го организира и следи процесот на продукција на промотивни материјали (печатени материјали, ТВ и аудио спотови и др.);
- Врши евидентирање на количините и видовите на печатени материјали и ги утврдува потребите за печатење;
- Врши администрирање и ахривирање на понудите за маркетинг услуги, нарачките за реализирање на маркетинг понуди и сл;
- Ги доставува изготвените маркетинг материјали до потенцијални клиенти на Друштвото, преку вршење на редовни посети на истите;
- Учествување во медиа планирање и контрола на реализација на медиа планови;
- Учествува во изготвување на предлог буџет за маркетинг;
- Одговара за исполнувањето на таргетираните маркетинг кампањи во текот на определените временски периоди;
- Врши и други работи на барање на претпоставените лица.
Потребни квалификации и карактеристики:
Универзитетска диплома од област: Маркетинг, Осигурување, Економски, Бизнис администрација;
Задолжително познавање на македонски и англиски јазик,
Работно искуство на иста или слична позиција, 3 години;
Критичко размислување, решавање проблеми, предвидлив и добро познат пристап или начин на кој упатува самата задача;
Висок степен на креативност и иновација;
Добро планирање и добра организација;
Ориентираност кон клиенти;
Одлични комуникациски и преговарачки вештини;
Способност за тимска работа;
Способност да учи и да се надоградува;
Амбициозност, спремност за напредок и развој, кариерно и персонално унапредување;
Развиеност и одржување на високи етички и деловни стандарди, култура на отворена комуникација.
Доколку сакате да станете дел од нашето Друштво, испратете ни ваше CV и мотивационо писмо на следната е-маил адреса: [најави се за да го видиш е-маилот] , со назнака “Оглас за вработување на Самостоен референт за маркетинг и ПР”.
Со доставувањето на вашата апликација потврдувате дека прифаќате вашата апликација и лични податоци да бидат земени во предвид за идните потреби од нови вработувања на Друштвото.
Нaпомена: Само кандидатите што ќе влезат во потесниот круг ќе бидат повикани на интервју.