Магацински работник

За компанијата: Предизвиците во областа на човечките ресурси не се само наша секојдневна работа, туку се и наша страст. Нашето знаење и експертиза ни дозволуваат да имаме уникатен пристап кон секоја задача. Нашите клиенти... повеќе за компанијата »

Мако Маркет ДОО Скопје  е компанија која се стреми да биде претпочитан избор за дистрибутер на принципалите и на клиентите во земјата со модерен и ефикасен дистрибутивен систем, најголема покриеност на продажни места, најбрз пробив на пазарот, извонредна грижа за клиентите и големо портфолио на производи со врвен квалитет за крајните потрошувачи. Во моментов имаме потреба за вработување на следната позиција:

  • Магацински работник

ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО

  • Ракување со стоки (сортирање, пакување и препакување);
  • Одржување на магацинот (редење и уредување на магацинот по потреба);
  • Контрола на квалитетот на влезните и излезните стоки и материјали;
  • Утовар и истовар на стоки и материјали;
  • Подготовка на стоки и материјали за достава.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ

  • Претходно работно искуство во магацинско работење ќе се смета за предност;
  • Минимум средно образование.

ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ

  • Способност за тимска работа
  • Способност за работа во динамична средина

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Доколку сте вистинската личност за позицијата, Мако Маркет ДОО Ви нуди можност за професионален и личен развој, пријатна и пријателска работна средина, постојано вработување и конкурентна плата.

Своите професионални биографии можете да ги проследите на:  [најави се за да го видиш е-маилот]  и  [најави се за да го видиш е-маилот]

Крајниот рок за аплицирање е најдоцна до: 21.08.2018.

Кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »