Машински инженер за пост продажба на возила за чистење на улици

За компанијата: БРАКО ДОО се занимава со развој и производство на производи целосно изработени од метал или комбинација на метал и други материјали. повеќе за компанијата »

(преземи го огласот во Word)

ДПТУ Брако ДОО од Велес, во соработка со својот партнер GMI има потреба од:

Машински инженер за пост продажба на возила за чистење на улици

Работни задачи:

  • Вршење на пост продажни активности за дистрибутерите на возила за чистење на улици;
  • Давање на on-line техничка поддршка кај крајните корисници;
  • По потреба теренско дијагностицирање и решавање на проблеми на возилата, кај самите крајни корисници;
  • Утврдените проблеми при теренска и on-line поддршка, се евидентираат во постојните упатства за работи и се пренесуваат на производните работници.

Потребно Образование, Вештини и Способности:

  • Високо образование - Машински факултет, предност имаат кандидати од смер: Моторни возила;
  • Работно искуство на иста или слична област ќе се смета за предност;
  • Одлично познавање на англиски јазик, познавање на германски јазик ќе се смета за предност;
  • Одлично познавање на работа со Канцелариски софтвер;
  • Структурален пристап и способност за расудување;
  • Ефективност, ефикасност и одговорност при исполнувањето на обврските;
  • Посветеност, мотивираност, иницијативност;
  • Тимска работа и кооперативност.

Што нуди работното место:

Можност за стекнување знаење и искуство, од искусни обучувачи, долгогодишни членови на тимот на БРАКО, добар социјален пакет, продолжување по стапките на нашите партнери во задоволување на барањата на купувачите насекаде во светот. 

 

Сите заинтересирани да испратат CV на следната електронска адреса [најави се за да го видиш е-маилот]  

Ќе бидат контактирани само кандидатите што ќе се изберат за на интервју.

Прашања и повеќе информации на тел. 043 551 107.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »