За компанијата: Друштво за осигурување. Друштвото за неживотно осигурување УНИКА АД Скопје e дел од Австриската групација UNIQA INSURANCE GROUP, која е една од водечките осигурителни групации во Централна и Источна Европа.
Групацијата...
повеќе за компанијата »
Друштвото за неживотно осигурување УНИКА ЛАЈФ АД Скопје e дел од Австриската групација UNIQA INSURANCE GROUP, која е една од водечките осигурителни групации во Централна и Источна Европа.
Групацијата е застапена со 40 Друштва за осигурување во рамките на 18 држави во Европа, и истовремено преку своите 23.500 вработени врши услуги насочени кон задоволување на потребите на своите клиенти .
На нашите вработени им нудиме динамична работа со можност за професионален развој и надградба, како и одлични услови за работа во средина со професионален и амбициозен тим .
Во согласност со нашата цел и стратегија, имаме потребa од мотивирани и талентирани кандидати за вработување на следната позиција :
ПРАВНИК СО ИЛИ БЕЗ ПОЛОЖЕН ПРАВОСУДЕН ИСПИТ
ОСНОВНИ ОДГОВОРНОСТИ
- Изготвување документација и спроведување постапки пред надлежни институции
- Прегледување на понуди за осигурување
- Изготвување на редовни и вонредни правни лекови, дописи и друга документација потребна за судски постапки
- Административни работи.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ
- Искуство во застапување во постапки за надомест на штета (ќе се смета за предност)
- Познавање на англиски јазик
- Организациски вештини и тимска работа
- Познавање на работа со компјутери
Сите заинтересирани кандидати да го испратат своето CV на [најави се за да го видиш е-маилот] најдоцна до 19.07.2024 година.
Со испраќање на Вашето CV сметаме дека сте согласни да ги чуваме и обработуваме Вашите лични податоци согласно нашите идни потреби во согласност соодредбите на Законот за лични податоци.
Апликациите на кандидатите кои не ги исполнуваат барањата нема да бидат разгледувани.