За компанијата: Ние имаме 40 канцеларии во 20 земји и воедно сме зачетници во професионалното советување на територијата на источна Европа. Нашата разгранета мрежа и широката палета на услуги кои ги пружаме гарантира...
повеќе за компанијата »Хилл Скопје за потребите на својот Клиент, успешна интернационална компанија, објавува оглас за работна позиција
Менаџер одговорен за магацини и логистички операции
Квалификации:
- Завршено високо образование од областа на економските или техничките науки
- Раководно лице со искуство во логистика, дистрибуција или складирање на стоки, со повеќе од 5 години работно искуство во раководење со луѓе и одговорности за целокупното управување со синџирот на снабдување.
- Одлично познавање на англиски јазик и MS Office (Word, Excel, Power Point, Internet, SAP system)
- Познавање, почитување и примена на важечки закони, прописи и професионални стандарди
- Способност за работење на повеќе задачи истовремено и поставување на приоритети според важноста и итноста на задачите и работа на проекти
- Самоиницијативност и давање на предлози и идеи за постојано подобрување на работата
- Ориентираност кон тимска работа и детали со акцент на точност и конзистентност
- Високо развиени аналитички, комуникациски и организациски вешини
Одговорности:
- Навремено го координира и планира раководењето со магацинскиот инвентар и планот за логистика, со цел да обезбеди услови за соодветно складирање на матерјалите во магацините
- Го раководи процесот на проверка и го надгледува движењето на матерјалите на локација, а воедно ја следи евиденцијата на резервите на матерјали
- Го раководи својот тим и го координира работењето на меѓу-секторски тимови во компанијата со цел да обезбеди навремено ослободување на пратките според барањата на клиентите и деловните приоритети.
- Учествува и е ангажиран во сите ревизии кои се однесуваат на работењето на одделението за магацини
- Координација и водење на CAPEX и останати проекти во целокупниот синџир на снабдување
- Воведува нови проекти за подобрување на работењето на магацините и намалување на трошоците за товар и работна сила, со цел да го подобри времето на излез на стока и добра од магацинот и да ги намали потенцијалните предизвици во однос на квалитетот поврзани со оперативното работење.
- Развива процедури и политика за раководење и следење на резервите на матерјали и оптимизирање на трошоци
- Креирање на извештаи за работењето на Дистрибуција и Магацини
- Работење и егзекуција во SAP, ќе се смета за предност
- Соработува со финансискиот сектор при одржување попис на материјали во магацините
- Идентификува и следи клучни финансиски индикатори, се стреми кон перформанса, идентификува трендови и сугерира стратегии кои водат кон резултати
- Како раководител на тим, одржува редовен контакт како со вработените, така и со добавувачите и редовно го пријавува напредокот, потенцијалните ризици и решенијата за внатрешното управување.
- Одговорност за развој на план за подобрување на посветеноста и мотивираноста за своите вработени, со дефинирање на цели и мотиватори
- Работи исклучиво според и во согласност со барањата на компанијата и стандардите за квалитет
Доколку сте заинтересирани за предизвик и одговарате на бараните квалификации, Ве молиме испратете го вашето CV со назнака за позицијата. Краен рок за доставување на апликациите е 19.10.2018.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор, ќе бидат контактирани.
e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот]
www.hill.mk
Хилл Скопје, Анастас Митрев 26/3, 1000 Скопје
тел/факс: 02/3296-481
Со аплицирање на огласите во Хилл, станувате дел од нашата база на кандидати. Доколку не сакате да бидете дел од истата, Ве моломе наведете го тоа во мејлот.