Специјалист за корисничка поддршка на германски јазик со швајцарски дијалект

За компанијата: Специјализирани за искуство со клиенти, продажба и маркетинг преку гласовни и дигитални канали. повеќе за компанијата »

Сакаш да станеш дел од нов тим и да работиш за една од најголемите медиумски куќи во Швајцарија? Заедно со своите колеги да одговараш на прашањата на љубопитните читатели? Придружи се на нашиот тим за корисничка поддршка на германски јазик со швајцарски дијалект.

 

Што можеш да очекуваш од првиот ден на твојот работен ангажман?

  • Конкурентна плата од 49.000 денари
  • Договор на определено/неопределено време
  • Приватно здравствено осигурување
  • Регрес за годишен одмор/К15
  • Договор на полно/скратено работно време
  • Платена обука
  • Бонуси за препораки на пријател (зависно од проектот)
  • Можност за работа од дома по успешно совладување на обуката и периодот на прилагодување
  • Можност за напредок - штотуку се формира нов тим и ќе бидат потребни идни лидери
  • Performance bonus врз основа на твоите компетенции

 

Твоите основни одговорности би биле:

  • Усна и писмена кореспонденција со корисници од Швајцарија
  • Давање информации на читателите
  • Решавање на прашањата и поплаките на читателите
  • Обезбедување целокупно пријатно искуство на читателите

 

Како да знаеш дека ти си вистинската личност за нашиот тим?

  • Одлично зборуваш и пишуваш на германски јазик со швајцарски дијалект
  • ​Комуникативен/на си, снаодлив/а и сакаш да им помагаш на луѓето
  • Тимски играч си и уживаш во динамично опкружување
  • Мотивиран/а си и одговорен/на

 

Зошто токму City Connect?

Доколку се запрашаш „Зошто City Connect“, одговорот е многу едноставен: поради нашата организациска култура. Во City Connect ги ставаме нашите вработени на прво место, се грижиме за нив во секоја смисла на зборот, го слушаме нивниот глас, го поддржуваме нивниот професионален развој и напредок давајќи им еднакви можности. Во City Connect ги промовираме разновидноста и инклузивноста, почитта, лојалноста, довербата и соработката. Стани и ти дел од нашето големо семејство!

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »