Проектен соработник

За компанијата: Предизвиците во областа на човечките ресурси не се само наша секојдневна работа, туку се и наша страст. Нашето знаење и експертиза ни дозволуваат да имаме уникатен пристап кон секоја задача. Нашите клиенти... повеќе за компанијата »

Инбох ДООЕЛ Скопје, најуспешниот професионален архивски и дата центар во Македонија, кој на своите клиенти им нуди врвна заштита на податоци и документи во своите физички и дигитални архиви, поради зголемен обем на работа и организациска комплексност има потреба од привремено ангажирање на:

Проектен соработник (PS/0N)

За работа на ПРОЕКТИ

 

Студираш, се бараш на пазарот за труд или веќе работиш,  бараш дополнителен ангажман или шанса да се докажеш!

Инбох ти нуди можност да бидеш дел од нашиот модерен архивски и дата центар  да научиш се за процесот на дигитализација на документи и да заработиш соработувајќи со нас на некои од нашите проекти.

АПЛИЦИРАЈ , тестирај се и приклучи се на INBOX – project task force – Специјален тим за извршување на проекти за дигитализација на документарен и архивски материјал.

Твојата професионална биографија и мотивациско писмо ги очекуваме на  [најави се за да го видиш е-маилот] , најдоцна до 25.08.2018година, со назнака на огласот за кој аплицирате во насловот на пораката.

Сите апликации ќе бидат третирани со строга доверливост. Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на тестирање и интервју.

Работното време е во смени, од понеделник до петок.

Согласно Законот за заштита на лични податоци Ве молиме во Вашата порака да наведете дали прифаќате Вашите податоци да се чуваат во базата на Инбох за идни вработувања. Доколку нема никаква напомена, податоците ќе бидат уништени.

Инбох ДООЕЛ Скопје бара кандидати за горенаведените позиции. Инбох ќе изврши избор на кандидат во рок од 3 месеци од завршувањето на рокот за пријавување на овој оглас.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »