Sales Receptionist

  • Објавен пред 2 месеци
  • Декра
  • Активен до 28.06.2018
  • Позиција: Останато
  • Локација: Скопје

Наш клиент е компанијата АУТОМОБИЛИ ГРОУП ДОО Скопје, увозник за марките Jaguar и Land Rover за Македонија и Косово.

Во име на својот клиент, Декра ја огласува следната позиција: 

  • Sales Receptionist

ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО

  • Пречекува клиенти, водејќи грижа за нивните потреби;
  • Понудува освежување и го насочува клиентот според потребите;
  • Одговара на телефон и мејл, давајќи насоки според потребите на клиентот.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ

  • Минимум 2 години работно искуство во областа нa услужни дејности и грижа за клиенти;
  • Високо образование - завршен Економски или Машински факултет, ќе се смета за предност;
  • Познавање на финансиско работење;
  • Напредно познавање на Microsoft Office;
  • Одлично познавање на англиски јазик;
  • Владеење на втор странски јазик ќе се смета за предност;
  • Возачка дозвола-Б категорија.

ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ

  • Исклучителни комуникациски и интерперсонални вештини;
  • Развиени вештини за продажба ќе се сметаат за предност;
  • Ориентираност кон клиенти;
  • Афинитет кон возила;
  • Способност за работа во тим;
  • Позитивен ментален став.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Клиентот нуди континуирани обуки во организација на принципалот JLR, како и можност за напредување.

Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови,  своите професионални биографии можат да ги проследат на: rabota@dekra.mk.

Крајниот рок за аплицирање е најдоцна до: 25/06/2018.

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.

КЛИКНИ